Triathlon Hydraulic oil HLP 46

Брендот како гаранција за квалитет

Во широката палета на преку 50 видови масла за подмачкување намеменети за автомобилите, комерцијалните возила и работните машини, Wurth има и неколку видови специјални масла за хидрауличните системи. Во оваа прилика се осврнуваме на моноградното хидраучично масло HLP 46

Професионалците можат да здивнат, без поголеми дилеми довербата за подмачкување на своите автомобили и комерцијални возила, земјоделската механизација и работни машини, можат да ги доверат на професионалците од Wurth. Со линијата на масла Triathlon, Wurth е пристуна на светските пазари веќе петнаесетина година.

За квалитетот на производите од оваа сфера се грижи германски производител со преку шеесет годишно искуство, се користат природни базни масла со потекло од Северно Море како и адитиви со докажан квалитет.

Хидраулично масло HLP 46

Спецификата на хидрауличните масла се состои во фактот шти тие мора да поднесат високи работни притисоци во хидрауличните системи на работните машини. Знаеме дека без исклучок градежните машини од типот на натоварувачи, багери, булдожери, кранови, подвижни платформи, преси … и уште цела серија на специјални машини, се движат со помош на работниот притисок од хидрауличните системи кој се пренесува преку хидрауличните масла.

2246503Хидрауличните масла HLP (10, 22, 32, 46) се моноградни масла изработени исклучиво од минерални базни масла и се наменети токму за современите хидраулични системи, Тие содржат активни состојки за зголемување на отпорот кон стареење на маслото, анти корозивна заштита како и адитиви за зголемување на стабилноста кон оптеретувањата од притисок (EP).

Исто така содржат значаен процент на адитиви-деемулгатори кои се способни за брзо издвојување на евентуално кондензираната влага, како и средства притив пенење кои ја зајакнуваат стабилноста на хидруличното масло.

Тие најчесто се употребуваат во хидраулични системи во кои се појавуваат големи термички напрегања и кои работат во услови на зачестени и големи температурни промени на околината, затоа што имаат висок индекс на вискозност.

Хидрауличното масло со високи перформанси, HLP 46 е компатибилно со сите комерцијално достапни материјали за “дихтување“ како што се челик, обоени и лесни метали. За постигнување на високите критериуми, при поризводството на хидрауличното масло се користат само првите рафинати од минаралните масла кои се гаранција за исполнување на сите потребни критериуми.

Исто така TRIATHLON хидрауличните масла се произведуваат и пакуваат според високите спецификации за квалитет а во согласност со DIN EN ISO 9001 стандардите.