Volkner Mobil Performance

Одморите поминаа…

Годинава не патувавме на одмор, но да патувавме вакво нешто ќе беше идеално

Секој сака убаво да си помине на одмор, но некој може и да си го дозволи тоа. Посебно ако има пари за ваков автобус, кој со право чини 1,5 милиони евра. Наменет е за мал број такви луѓе за кои германската компанија Volkner Mobil што го разви точно знае што им треба. Овој необичен автобус кој повеќе потсетува на апартман од луксузен хотел има должина од 12 метри и височина од 3,8 метри. Тежи 18 тони, а во понуда е со Mercedes-Benz и Volvo мотори со 430 или 460 KS. Ентериерот, секако, се уредува според барањата на клиентите и во зависност од „тежината“ на нивните банкарски салда. Она што е посебно интересно е специјалната „гаража“ во самиот автобус, во која можат да се сместат возила како што се BMW i8, Mercedes C-класа кабриолет, Ferrari 458 или Porsche 911, за кои е направена посебна платформа на извлекување.