Volkswagen I.D. Buzz

Во производство од 2022 година

Во Volkswagen донесоа одлука за производство на модел заснован на електричниот концепт I.D. Buzz

Веста официјално ја соопштија првите луѓе на компанијата и нејзината комерцијална филијала Екхард Шолц и Херберт Дис, кои потврдија дека 2022 година е предвидена како термин за стартување на производство на новиот комби. Тие истакнаа дека на одлуката влијаеле доста позитивните реакции од салоните на автомобилите во Детроит и Женева, каде I.D. Buzz беше покажан. Во својата концептна форма тој има должина од пет и широчина и височина од по два метра. Производствениот модел ќе биде поставен на потполно нова платформа, со нови погонски системи, варијабилна организација на седиштата и одредено ниво на автономно возење. Се планираат патничка и карго верзија.

volkswagen-i.d.-buzz-volkswagen-i.d.-buzz-vw-ccs-combined-charging-system-microbus-mpv-multi-purpose-vehicle-pic2-1024x717[1]