Volkswagen T6.1

Освежување однадвор и одвнатре

Комбито на Volkswagen е едно од најуспешните лесни комерцијални возила со готово 12 милиони продадени примероци

Така е заради големиот број изведби (Transporter, Caravelle, Multivan, California) но и заради постојаното обновување. Најновото негово издание има ознака Т6.1 и беше претставено во Волфсбург на само неколку метри од местото каде пред 70 години беше направен првиот прототип. Новиот Volkswagen-ов комби доби електромеханички наместо досегашниот хидрауличен серво управувач, што отвора пристап на нови системи за асистенција и сигурност кои ги вклучуваат Cross Wind Assist кој го стабилизира возилото при бочни удари на ветар, Park Assist и Side Protection за олеснето паркирање и маневрирање, како и Trailer Assist за помош при возење со приколка.

Редизајниран е предниот дел, но што е побитно редизајнирана е и контролна табла како предуслов за интеграција на дигиталниот кокпит со потполно дигитални инструменти и третата генерација на модуларната инфо-забавна матрица MIB3 со интегрирана eSIM картичка која нуди функции како што се интернет радио и стриминг на музика. Новост е и 2.0 TDi моторот кој доаѓа со силина меѓу 90 и 199 KS и ги задоволува  Euro-6d-TEMP-EVAP стандардите. Тука е и посебно интересниот електрично задвижуван Т6.11 развиен во соработка со тјунерската куќа ABT од Кемптен кој има електромотор со 82 kW и 200 Nm вртежен момента и батерија со голем капацитет која му овозможува автономија од 400 km.