Малиот Amarok оди во производство
Volkswagen во Сао Паоло претстави концептен пикап помал од Amarok, кој со минимални измени ќе оди во сериско производство
Јужна Америка ги сака пикапите и таму постојат и други модели нам во Европа сосема непознати. На радост на љубителите на вакви возила тоа нема да се случи со новиот Tarok, за кој Volkswagen веќе потврди дека ќе се произведува и дека ќе биде нов адут за зголемување на глобалните резултати на марката. Со својата должина од нешто под пет метри, Tarok е за 30-тина сантиметри пократок од Amarok. На прв поглед изгледа како вкрстување меѓу него и малиот T-Roc, со што Volkswagen сака да ја истакне поврзаноста со урбаните SUV-возила. Затоа и ќе биде интересен и за публиката која едноставно бара нешто различно, а не само на оние кои пикапите ги користат за работа. Поставен е на МЉБ платформата, а ќе се нуди со двојна кабина и четири врати. Интересен детаљ е лизгачката платформа која го „растегнува“ товарниот простор и нанапред и наназад.
Со оглед дека е претставен во Бразил, за погон ќе се користи бензинскиот 1.4 TSi мотор со 150 KS кој како погонско гориво може да користи и етанол или мешавина на бензин и етанол. Подоцна се очекува и 2.0 TDi мотор со 150 KS. Менувачот е 6-степен мануелен, а силата се пренесува на сите тркала.