Трансформација на транспортот
Отсега, една од водечките светски транспортни групи има нов идентитет – Volkswagen Truck & Bus стана Traton
„Traton е млада компанија со единствен карактер на почеток, но со богато искуство на своите традиционални брендови. Оваа комбинација е она што е потребно за повторно откривање на превозот за идните генерации. Почнуваме да го шириме духот на Traton преку сите наши брендови, локации и функции. Импресивно е да се види колку се силни нашите врски: Traton живее низ брендовите и обратно. Сите заедно сме Traton и посветени сме да возиме до наредното ниво“ – рече Андреас Реншер, извршниот директор на компанијата Traton AG и член на управниот одбор на Volkswagen AG.
Групата основана во 2015-та како Volkswagen Truck & Bus GmbH се состои од брендовите MAN, Scania, Volkswagen Caminhões e Ônibus и Rio. Traton како нов идентитет ќе ја зголеми успешноста и независноста на целата група на патот да стане глобален предводник и најпрофитабилен и иновативен играч во транспортната индустрија. Ќе ги зголеми и можностите за здружување на силите и поврзување на иновативната моќ и соработката, како и напредок во глобалната стратегија преку стратешки партнерства и синергија во истражувањата и развојот. Називот на компанијата е добиен со комбинација на зборовите ТРАнсформација на ТРАнспортот, ТРАдиција, ТОНажа и добро познатиот англиски збор ON.