5 причини заради кои анализата на маслото е клучна за вашата машина
► Маслото е животната сила на машината. Редовните проверки помагаат во надзорот на неговото здравје, што е од витално значење за одржување на максималниот работен век и минималните вкупни трошоци на сопственост.
1. Го зголемува профитот
Анализата на маслото е непобедлив алат за зголемување на перформансите на машината, што значи и зголемен профит. На основа на податоците од анализата, купувачите можат да ги воочат грешките на машината и да го планираат одржувањето, што го намалува ризикот од непланирани застои, ги спречува скапите поправки и ја зголемува продуктивноста.
2. Го унапредува работниот век
Volvo лабораториите, со модерна дијагностичка опрема, им нудат на купувачите сеопфатни извештаи за состојбата на машината. После деталната анализа, дијагнозата на машината веднаш станува достапна на купувачите на мрежата, истакнувајќи ги предупредувањата и нудејќи препораки за делување. Благодарејќи на овие извештаи, секој дел од машината може да работи со максимален капацитет и мал ризик од грешка, одржувајќи го работниот век на високо ниво.
3. Ги бележи трендовите на основа на историјата на анализите
Со анализите на примероци масло се собираат информации за содржината на вода/разладна течност, нечистотиите и квалитетот на металните честички во маслото. Редовните анализи на маслото овозможува следење на историјата на резултатите со што лабораториските техничари на купувачите можат да им ги стават на увид трендовите во перформансите на машината.
4. Се однесува како систем за рано предупредување
Маслото ги поддржува виталните компоненти на машината, вклучувајќи ги моторот, менувачот, оските, кочниците и хидрауличниот систем. Volvo лабораториите кои во целост ги познаваат Volvo машините, на основа на анализата на маслото можат да протолкуваат колку се овие компоненти функционални. Тоа на техничарите им дава сигнали на рано предупредување за деловите на машината, а на купувачите време да ги заменат сите компоненти кои се чувствителни на оштетувања или дефекти.
5. Тоа е проактивен начин на работа
Сé на сé, анализата на маслото е најпрактичната работа за вашата машина. Тоа е одличен алат за планирање кој ви овозможува подобра контрола над продуктивноста, одржувањето, потенцијалните дефекти и избегнување на застои.