Без вишок букви и бројки
Како дел од својата нова филозофијата за чист дизајн, шведскиот производител во иднина ќе ги означува своите градежни машини поедноставено
Од овој месец, новите и обновените производи на Volvo CE ќе бидат обележувани само со видот и големината и ништо друго – сите други детали за производот, како што се серијата или варијантата на моделот ќе можат да се најдат во спецификациите, брошурите и на табличката за означување, што треба да им обезбеди на купувачите лесно и прецизно пронаоѓање на резервни делови или услуги за нив.
Овој потег е дел од новата филозофија на Volvo за чист дизајн, која опфаќа сé – визуелниот изглед, конструкцијата, леснотијата во ракувањето па и означувањето на машините. Според одговорните тоа е во согласност со минималистичкото скандинавско наследство на компанијата и долгогодишната желба за јасен пристап кон работите. Тие уште додаваат и дека порастот на новите технологии со себе носи и нужно зголемување на ажурирањата на производите меѓу генерациите, така што елиминирање на потребата за промена на името на производот со секое негово обновување или измена, без оглед колку се големи или мали, осигурува брендот останува чист, едноставен и наменски.
Првите модели лансирани со новата политика за означување се електричните ECR25 и L25 и генерацијата F на ECR58, кои ја освоија престижната Red Dot награда за дизајн. Промената ќе продолжи кај сите нови и обновени модели етапно проширувајќи се низ целата производствена програма, што треба да трае до околу 2025 година.