Volvo Construction Equipment

Најдобра остаточна вредност и најниски трошоци за сопственост

► Петти пат по ред Volvo CE добива значајни награда за најдобра остаточна вредност и најниски трошоци за сопственост за своите машини

Во четири категории во кои беше претставен, Volvo Construction Equipment од страна на стручњаците на EquipmentWatch петта година едноподруго е признат како производител чии машини имаат најдобра остаточна вредност и најниски трошоци за сопственост. Конкретно, наградата за најдобра остаточна вредност ја доби компакторот SD45, а оние за најниски трошоци за сопственост багерот EC480, натоварувачот L90 и дамперот A25. Во таа прилика Стивен Рој, директорот на регионот на Северна Америка на Volvo, потенцирајќи дека цени што EquipmentWatch обезбедува таква остроумна услуга за индустријата, изјави дека на компанијата им е од особена чест што ги прима овие награди затоа што сега, повеќе од кога било, тие го потенцираат посветеното внимание на вкупната цена на сопственоста, истовремено обезбедувајќи им машини со висок квалитет на клиентите. Стручната јавност и не е многу изненадена од одлуката на водечкиот американски  истражувач на понудата во овој сектор бидејќи покрај вообичаените карактеристики, машините на Volvo имаат многу други кои помагаат за постигнување ниски трошоци на сопственост, како што се AdvancedCate Direct напредната телематика, доживотната во Америка гаранција за шасијата и структура, ефикасноста во потрошувачката на гориво и сервисот за продажба на сертифицирани употребувани машини.

При оценувањето на кандидатите, стручњаците на EquipmentWatch се базираат на длабока анализа на милиони податоци. Наградата за остаточна вредност ја добива оној продукт кој после пет години експлоатација ќе има задржано најголем процент од оригиналната цена, а истиот период се анализира и за наградата за најниски трошоци на сопственост кои ги вклучуваат одржувањето, поправките, горивото и потенцијалните застои во работењето. Според тоа, оценките на EquipmentWatch де факто се сметаат за водич при купување на машини.