Volvo EC 27

Нови машини во ЈП Водовод и канализација

► Новиот овластен дистрибутер за Volvo Construction Equipment го снабди ЈП Водовод и канализација со нови Volvo машини

За краток период по превземање на обврските за застапништво на Volvo, еден од најреномираните светски производители на работни машини, фирмата МГ Компанија од Скопје, успеа да пласира уште две нови Volvo EC 27 машини кои се ставени во служба на ова јавно претпријатие.

Клучевите на мини багерите, Volvo EC 27, од страна на директорот за пост продажба Владо Димитриески, им беа предадени на раководителите на Јавното претпријатие кои се грижат за оддржувањето на водоснабдувањето и канализацијата на градот Скопје. И двете машини се набавени во своите основни конфигурации односно без додатни приклучоци што пак говори за универзалноста на малиот багер и неговите супериорни карактеристики и прикладност за корисење во урбани средини.

Во техничките спецификации на моделот Volvo EC 27 стои дека оперативната тежина на машината изнесува 2.790 кг, вградениот турбо дизелски мотор од 1.6 литри ослободува 27 КС и дeка може да копа до длабочина од 3.10 m. Тоа што ние од претходно го знаеме е фактот дека и мини багерот на Volvo го красат истите особини како и неговите поголеми технолошки браќа, а тоа се квалитет, издржливост, ефикасност и едноставно одржување. Искрено се надеваме дека испораката на двете  Volvo машина, за МГ Компанија ќе претставува само почеток на една успешна бизнис соработка со градските комунални претпријатија.