Volvo EC200E 

По вистинска мерка на нашите бизниси

Винербергер од Виница избра – го подобри својот машински парк со новиот Volvo EC200E

Кога лани беше претставен, новиот багер на гасеници Volvo EC200E веднаш го привлече вниманието на компаниите кои немаат неопходна потреба од машини за голем обем на работа, но на два различни начини – додека едни се чудеа зошто покрај EC220E кој ја гради својата репутација со ефикасноста и усогласеноста на сите негови компоненти кои меѓусебно се надополнуваат Volvo лансира уште една машина со многу слични карактеристики, другите веднаш ја забележаа неговата најбитна карактеристика – за разлика од другите во оваа класа кои се со 6 цилиндри, EC200E има мотор со 4 цилиндри. Тоа автоматски значи пониски трошоци за одржување – помалку масло, резервни делови и пониска потрошувачка. Ефикасноста му е задржана со употреба на истите компоненти, пред сé хидрауликата, која општо е позната по својата издржливост. Ист е и погонскиот механизам, како и додатоците кои се на располагање, додека перформансите се многу слични. Според техничките податоци, EC200E кој веднаш после лансирањето стана синоним за економичноста и продуктивноста, има 4-литарски мотор со 156 коњски сили кој го прави способен за подигнување на 7,3 тони товар на 6 метри височина. Конструкцијата е позната и му обезбедува работен досег од 10 метри во должина и 6,8 во длабочина, а компактните габарити и работната тежина од 19,9 до 24,6 тони можност за транспорт без специјална дозвола.

Во Винербергер од Виница ги препознаа овие и сите други карактеристики по кои генерално се познати машините на Volvo и се одлучија – новиот EC200E веќе е дел од нивниот машински парк, подготвен со својата продуктивност да ја зголеми конкурентноста и профитабилноста на оваа наша успешна компанија.