Volvo EC220E

Пркосен поглед кон хибридите

Опремен со нов D6 Tier 4 Final – мотор, багерот на Volvo со средна големина, е посилен а воедно и поекономичен од современите хибридни конкуренти. За исполнување на строгите еколошки норми, на помош се става цела лепеза од нови технолошки решенија


Со оперативна тежина која варира помеѓу 20.6 и 25.1 тон и со мотор кој испорачува максимални 173 КС, багерот на Volvo постигнува рекордни вредности на полето на економичноста. Малата потрошувачка е пропратена со ефикаснот која во ниту еден сегмент не заостанува зад конкурентските модели. Напротив! Ефикасноста се должи на примената на нови сознанија: вградени се посебни вентили кои ја контролираат силината потребна за ротирање на машината како и вентили за движење и ротирање на работната рака. Резултатот е повеќе од видлив: при преместување на материјал заштедата на гориво изнесува 5.5% додека при товарење на камион до 6.5%. Дали е ова идеалната машина токму за товарење на камиони?

Оптимизирана хидраулика

Современиот мотор, како покренувач на сите системи, е само еден од предусловите за штедлива експлоатација. Менаџирањето на хидрауликата а поготово нејзиното оптимизирање претставува услов без кој би дошло до непотребно расфрлување на енергијата.
Во случајот со EC220E посебно внимание е посветено на овие два круцијални системи, со напомена дека конструкторите на Volvo со иста посветеност работат дури и на најситните детали. Во таа смисла, префлувањето на моторот во “лер“ кога нема ангажирано ниту еден систем, па и негово гасење (иницијално, после 5 минути) се само некои од видливите опции. Резултатот од таквиот приод е јасен: зголемена економичност на екплоатација и поголем профит за корисникот.

Пријатен за уши

Volvo_EC220E kabina-01Поговорката вели дека едно добро никогаш не оди само. По некоја случајност истото важи и за новиот багер на Volvo. Шестцилиндерскиот мотор, освен опишаните особини, работи толку тивко и мирно што може да се спореди со патничките дизел возила.
Кога кон таа особина ќе ја додадеме и темелно иведената акустична изолација на кабината како и нејзината хидраулична амортизација, на ред доаѓа само изборот на добар аудио систем, па операторот да може комплетно да ужива извршувајќи ги своите обврски.
За односот на Volvo спрема безбедноста, знаат и помалку упатените. EC220E не претсавува никаков исклучок. Кабината ги исполнува строгите ROPS безбедносни критериуми, со тоа што при изработката на безбедносниот кафез е употребен челик со посебна цврстина.
Командите се изведени според важечките принципи, разликата се прави со можноста преку екранот на додир, за брз пристап да се сетираат одредени команди. Кон одличната видливост придонесуваат големите стаклени површини како и камерата поставена на задниот дел. Новина сега претставува страничната камера чија слика се добива на LCD екранот во боја, и која го минимизира полето на “мертвиот агол“. Уште една техникалија привлекува внимание: можноста за сетирање на командите во зависност од приклучените додатоци. Еднаш подесен, комјутерот ја памти чувствителноста на секоја команда посебно.

Се на едно место

Volvo_EC220E Product Brochure NA-01Кај најголемите светски производители веќе е стандардизирана поставеноста на контролните точки за оддржување. Истото решение го наоѓаме и тука со таа разлика што на исто (пристапно) место се сместени и ладилниците на моторот, за воздух и за хидрауличното масло. Достапноста на целиот сет е од тлото и се изведува со едноставно отварање на капак, додека за поголеми зафати преку посебно дизајнирани скалила се пристапува од горната страна на платформата.
За корисниците кои сакаат да се ослободат од обврската за водење евиденции за сервисните интервали постои можноста за поврзување преку мобилна конекција со центарот на Volvo кој во реално време може да ги прати параметрите на багерот како и состојбата на склоповите и благовремено да извести за потребните интервенции.

Механика која влева доверба

Volvo_EC220E kabina-01Доверливоста и трајноста на компонентите е една од основните вредности на секоја Volvo машина. За остварување на таа цел екипите напорно работат на унапредување на системите и склоповите. Како пример за шведската посветеност кон деталите и унапредување на постојните решенија може да послужи фактот што на критичните места, во внатрешноста на работната рака (стрелата и кракот) попречно се вградени челични плочи кои го понесуваат главниот терет при механички удари.
Во прилог на тој пристап можеме да ги наброиме и бројните додатоци ставени на располагање како и можноста за нивна едноставна и брза промена. А веќе кажавме дека за секој додаток, контролната електроника ќе ги подеси сите параметри на оптимална вредност така што во секој режим машината да троши минимнални количини на гориво.
Механичкиот дел се заокружува со лесната и цврста рамка која сега има пониско тежиште, и носечката екстремно цврста рамка во облик на буквата “X” која додатно е заштитена од оштетувања и корозија.

Volvo_EC220E.552e957a8a8eb