Volvo EC300E Hybrid

Кога се верува во иновациите

► Уникатната хидраулична хибридна технологија Volvo EC300E Hybrid го користи движењето на стрелата надолу за полнење на хидрауличните акумулатори

Честопати најдобрите идеи се едноставни, а оваа е едноставна, поедноставна не може да биде – за разлика од другите системи што ја регенерираат енергијата при вртење на суперструктурата на багерот за електрично помагање на моторот, хидраулична хибридна технологија на Volvo ја собира енергијата добиена од спуштањето на стрелата под дејство на гравитацијата. На тој начин се полнат хидрауличните акумулатори од 20 литри, кои потоа испорачуваат енергија за задвижување на хидрауличните мотори кои помагаат во напојувањето на хидрауличната пумпа. Резултатот е помало оптоварување на моторот, зголемување од 12% до 17% на ефикасноста и задржување на моќта и перформансите што ги има конвенционалниот EC300E.

А тој како што знаеме е од 30-тонската класа со оперативна тежина меѓу 29.300 и 32.700 килограми. Има 7,8 литарски Stage 5 мотор од 180 kW кои ги остварува при 1.800 вртежи во минута. Може да досегне до 10,7 метри и да копа 7,34 метри во длабочина. Силата на кинење му е 168 kN, а во засилен режим 182 kN. Може да подигне 11.400 килограми на метар и половина со досег од 6 метри. Задвижувањето му е двостепено хидростатичко, а должината му изнесува 10,6 метри. Висок е 3,58, а радиусот на вртење е 3,12 метри. Во резервоарот за гориво собира 470 литри, а во хидрауличниот резервоар 207 литри масло. Некомплицираното хибридно решение е доверливо и лесно за одржување, за разлика од електричните хибридни конкуренти. Се состои од само неколку дополнителни компоненти, така што во целост е задржан начинот на EC300E е конструиран. Тоа подразбира и користење на еко режимот на работа без ограничувања, истовремено со хибридниот.

Истражувањата покажаа дека хибридот EC300E ги намалува емисиите на CO₂ за 10 до 12%, што го прави повеќе почитуван на оние на кои чистотата на животната средина, особено кога се работи во населени области, им е приоритет. Благодарноста место од природата ќе ја добијат со заштедата на гориво и зголемената профитабилност во работењето. Пресметката вели дека со 9 часа дневна работа, 22 дена во месецот, инвестицијата ќе се поврати за само една година. Технологиите како што е ова се уште еден пример за посветеноста на Volvo CE на заложбите за иновации и развој на поодржливи и економични решенија за клиентите.