Volvo EC480E

Ефикасност и економичност

Со претставувањето на EC480E, Volvo нуди моќен багер-гасеничар кој го краси висок квалитет како и зголемена ефикасност. Со напредна технологија која вклучува Volvo ECO мод и нов електро хидрауличен систем за контрола, моделот EC480E нуди неповторлива економичност при работата

Веднаш да ги разјасниме ознаките. Всушност, целата концепција на новиот багер на гасеници на Volvo се врти околу последната буква од ознаката. “Е“ би требало да ја симболизира ефикасноста на моделот за чие зголемување конструкторите употребиле серија најсовремени технолошки решенија. Започнувајќи од оптимизацијата на дизелскиот мотор, преку изборот на начин на работа кој го овозможува  ECO модот па се до контролната електроника која управува со сите енергетски ресурси. Резултатот од инженерскиот ангажман е подобрена ефикасност на работа и намалена потрошувачка во просек за 5%. На прв поглед можеби бројката е скромна но треба да се земе предвид дека споредувањето е направено во однос на претходникот кој важеше за еден од најекономичните на пазарот.

VolvoCE_EC480ECrawlerExcavator.54061d84d0b3f

Проверена основа

Носечката конструкција изведена во облик на буквата “X“ е изработена од појачани челици и додатно заштитена од механички оштетувања. Знаејќи дека сѐ започнува од носечката структура, швеѓаните во нејзина изработка го вложуваат најцврстото од нив. И воопшто не штедат на тежина а уште помалку на материјал.

Багерот се движи со помош на гасеници а за погон се користи линиски дизел мотор од шест цилиндри. Максималната испорачана моќност изнесува 378 КС а заштитата на природата се одвива преку минималното загадување при што се запазени највисоките еколошки стандарди Tier 4 Final / Stage IV.

Контролната елекроника, а во зависност од избраниот начин на работа, дозволува одредена испорака на вртежниот момент, а кога моторот работи во лер повеќе од 5 минути (или според однапред подесен тајминг) автоматски се гаси. Од друга страна AdBlue технологијата преку хемиска реакција на издувните гасови се грижи за додатно намалување на емисија на штетни гасови.

Прилагодувајќи се на екстремни услови на експлоатација, Volvo вгрдува посебен грејач на течноста за ладење, преку која при ниски температури се обезбедува сигурен старт на моторот. Посебниот тајмер овоможува програмирање на времето и датумот на вклучување на грејачот.

volvo_excavator

Уште нова технологија

Се чини дека електро хидрауличните системи се развиени до тој степен да веќе се испцрпени сите можности за додатни подобрувања. Очигледно, со оваа констатација не се сложуваат технолозите на Volvo па затоа се зафатиле со оптимизација и на тој систем. Резултатите од нивниот ангажман се вградени во багерот EC480E а се однесуваат на намелените загуби на притисок во внатрешниот систем како и за додатно искористување на инерцијалните сили на багерот за создавање на работен притисок. Притоа дизелскиот агрегат се употребува точно колку што им е потребно на хидрауличните пумпи.

Работен простор

Кабината на оперторот може да послужи како вистински пример за секоја работна машина. Таа физички е заштитена со челичен кафез кој овозможува потполна безбедност на операторот и тоа при сите работни услови.

Преку новиот интерфејс HMI (Human Machine Interface) операторот со леснотија може да ги контролира сите функции на машината. Притоа новиот осум инчен LCD монитор ќе ги прикаже сите параметри на машината па дури и ќе алармира за непоставување на заштитниот ремен.

Volvo-CE-EC350E-crawler-excavatorДвата џојстика заедно со педалите се изведени класично со таа разлика што командувањето пружа повеќе повратни информации.

Се приметува и намалување на бројот на командни копчиња што е во функција на поедноставно ракување. При намалена видливост, операторот на раполагање има додатни светла од двете страни а за подобрен поглед од кабината на задниот дел има вградена камера чија слика се проектира на контролниот монитор.

Според добрата шведска традиција, Volvo посебно внимание посветува на безбедноста. Сега кон тој позитивен пристап, се додава и драстичното намалување на бучавата која се движи во рамки на патничките возила.

Широк спектар на додатоци

Во поглед на расположивите алати, можат да се користат чекан, корпа, ножици, зафатна клешта. Сите специфични додатоци се дизајнирани за постигнување максимална ефикасност притоа запазувајќи ги основните вредности на шведскиот производител како што се постојаноста и екстремната цврстина на материјалите. Очекувано, промената на приклучоците се врши за краток временски период што значи мал празен од на машината.

Оддржување

Во поглед на оддржувањето EC480E, ги следи стандардите на новите работни машини на Volvo. До сите контролни точки може да се пристапи од ниво на тлото а исто така и сите филтри се групирани во една точка. Сервисните интервали се продолжени а времето за нивно ивршување е минимализирано. Притоа интересен детаљ претставува самочистењето на ладилникот кое е изведено така што операторот може да ги вклучи перките да вртат во спротивен правец со што овозможува голема количина воздух да биде усмерена кон радијаторот со што се овозможува негово чистење од наталожените нечистотии.

Она на што швеѓаните обрнуваат посебно внимание е робусната конструкција и употребата на материјали со врвна цврстина. Оваа класична машина во која е вградена најнова технологија е одличен пример за таквиот пристап.