Volvo EC750

Повеќе со помалку

Стратегијата на Volvo да понуди поголема ефикасност и економичност со истовремено намалување на трошоците за гориво и одржување, најдобро се огледа во карактеристиките на големиот багер, EC750

Големината е релативна, но сепак мерлива категорија. Ако на листата на Volvo, се до Bauma 2016 кога е претставен моделот EC950E, се фигурира како најголем багер, тогаш навистина треба да се работи за импозантни димензии. Максималаната оперативна тежина која е во границите помеѓу 72.7 и 74.7 t е добро наговестување за капацитетите. Комбинацијата на моќен мотор, оптимизиран електро хидрауличен систем и зголемени димензии на корпата се елементите преку кои конструкторите на Volvo ја постигнуваат саканата продуктивност и бараните перформанси. Ако ги разгледаме поединечно овие три стратешки определби на Volvo можеби ќе успееме да допреме до рецептот кој веќе 184 години му носи успех на шведскиот производител.

Volvo Brochure Crawler Excavator EC750D English

Мотор, Volvo D16

Машина која тежи преку 70 t мора да е и адекватно моторизиран. За EC750 инженерите обезбедиле 6 цилиндерски линиски дизел od 16.1 литри, кој ослободува 374 kW (508 КС) и вртежен момент од 2.500 Nm. Ветувачки бројки кои увабо изгледаат на хартија, а во пракса предизвикуваат стравопочит. Не само поради излезната силина, уште повеќе поради вградената висока технологија.

Притоа шведскиот производител строго внимава на еколошките норми а како последица на тој пристап бенефитира потрошувачката на гориво. Турбо дизелот со директно вбризгување преку оптимизираниот електро хидрауличен систем овозможува одлични перформанси и висока продуктивност. Кон општиот тренд на економичност придонесуваат и петте начини на работа на моторот: I (Idle), F(Fine), G(General), H(Heavy) и P(Power). Понудените модови му овозможуваат на операторот, во зависност од очекуваното оптеретување, да го избере посакуваниот начин на работа и со тоа да се ангажира секогаш оптимална количина на силина.

Volvo Brochure Crawler Excavator EC750D English

Оптимизиран електро хидрауличен систем

Кај багерите дизел моторот ги покренува хидрауличните пумпи кои потоа преку створениот притисок ја вршат потребната работа. Посебноста кај EC750 е што системот генерира работен притисок и проток на течност токму во количини колку што е потребно за извршување на конкретната работна задача.

Вградената опција, Eco Mode го прави тоа автоматски притоа не немалувајќи ги воопшто перформасните. Овој мод на работа на хидрауликата има можност за мануелна деактивизација која се врши преку мултифункционалниот дисплеј. Системот исто така овозможува хидрауликата да ја контролира тракција при работни апликации кои се извршуваат на локации со голем нагиб. Тоа се прави преку зголемување на притисокот врз погонската група кој потоа овозможува ефикасна и стабилна тракција. Благодарејќи на поставениот контратег во задниот дел, стабилноста на машината е зголемена, односно при високи оптеретувања доаѓа до израз извонредната избалансираност на машината.

Зголемени димензии на корпата

Над 20 посебни приклучоци можат да бидат употребени за разновидни работни задачи. Посебен софтверски систем, со едноставни команди преку корисничкиот интефејс, ги прилагодува параметрите на машината за секој приклучок посебно. PrintСите тие се изработени по посебна технологија каракеристична за Volvo а можат да бидат заменети на многу едноставен и брз начин, преку универзалните адаптери.

За EC750 на список се наоѓаат вкупно 6 разни корпи со капацитет од 3.30 до 5.16 m3. Во зависност од намената секоја од корпите е изработена по специјална технолгија, со зајакнувања на критичните точки, но и со помала тежина.

Очекувано, посебните приклучоци можат да бидат комбинирани со по три големини на работната рака и стрелата. Во секој случај големиот багер на Volvo има една силна компонента на универзалоност што повторно оди во прилог на ефикасноста и економичноста.

Работен простор

Во секцијата која се бави со работниот простор на операторот, EC750 нуди класични, проверени решенија. Но повторно конструкторите одат чекор понапред и ја поставуваат кабината на посебно дизајнирани гумени носачи. Подесивото седиште е стандард од кој Volvo не отстапува, а одличната видливост се должи на тенките носачи на кабината. Изолираноста од бучава и вибрации оди до таму да може да се спореди со таа од автомобилите.

Во делот на одржувањето нема поголеми изненадувања. Сервисните интервали се продолжени и се изведуваат со минимално време во кое машината е вон строј.