Volvo EW180E

Флексибилност

Компактниот багер на тркала може да се спореди со покретлив и вешт атлет кој е истрениран за извршување на компликувани работи и тоа при променливи и сложени услови

За најпрецизен опис на можностите на багерот на тркала EW180E би требало да ја употребиме формата “тој може“ па потоа да почнеме да ги редиме сите комбинации кои се располагање, за да потоа ги додадеме сите приклучни алати и на крај да ги пресметаме сите можни комбинации.

Во суштина говориме за многу флексибилна машина која приклучните алати може преку сопствената приколка да ги пренесе до саканата локација. Ова веќе звучи и повеќе од уверливо, дали претходниот опис одговара на вистинските, во пракса повтрдени, капацитети?

150308 Volvo EW180 2

Со колку тркала го сакате?

Volvo, багерот на тркала EW180E го произведува во Германија а го продава во преку 140 земји од целиот свет. Првиот факт би требало да симболизира квалитет а вториот прилагодливост спрема специфичните потреби на експлоатација. За да се произведе таква универзална и прилагодлива машина потребна е цврста конструкција која ќе може да ги задоволи сите поставени предуслови.

Volvo-EW205D-1026x1199Челичната носечка конструкција. на сите позиции овозможува поставување по едно или пак двојни тркала. Вградениот шестцилиндерски дизел мотор со работен волумен од 5.7 литри, припаѓа на најновата генерација на еколошки освестени агрегати. За почист издув се грижат системите за рециркулација на издувните гасови E-EGR, DPF филтерот задолжен за партикуларните честички како и SCR (Selectiv Catalict Reduction) кој функционира со AdBlue додатокот. Ова се познати методи за чист издув, а тесно поврзано со тоа, и постигнување на економична потрошувачка. Еден ден и останатите производители еколошки ќе се освестат (по сила на закон) па ќе мора да ги применат овие мерки, Volvo засега тоа го прави воден од сопствените стратешки определби.

Како додаток на таквиот пристап, потрошувачката на гориво се контролира и со посебен ECO мод кој се активира автоматски штом се намали оптеретувањето на машината.

Капацитети

Добро, што сѐ може багерот на тркала? Ништо драматично ново, дури ќе се согласиме дека и порано се произведувале машини со слични капацитети. Но ниту една не била така ефикасна при извршување на задачите, а да не говориме за флексибилноста. Работната рака, изведена со три зглоба, ја зголемува работната должината за околу пола метар. Наизглед мала, на во пракса значајна предност во однос на стандардните машини.

Volvo-EC160E-excavator-cabГолемиот број на приклучни алатки се менуваат многу лесно и брзо а со посебната приколка може лесно да се пренесат со истиот багер до потребната локација. Во однос на приклучоците кои се на располагање, Volvo EW180E е без конкуренција. Освен широката палета понудена од производителот, по специјална порачка може да се изработи алат кој ќе одговара на специфичните потреби на корисникот.

Работен простор

Веднаш да кажеме дека багерот на тркала се управува со помош на класичен управувач. Функциите на работната рака се извршуваат со командната палка сместена на десната страна. Тука некаде се наоѓа и екранот на кој се испишуваат вредностите за сите течности како и останатите параметри на машината. Дали треба посебно да истакнеме дека кабината е изградена строго почитувајќи ги ROPS (Roll Over Protective Structure) безбедносните стандарди? Во зависност од патните услови, предниот дел на багерот може автоматски или по желба на операторот, да биде спуштен. Додека кога се вози по нерамен терен, работната рака автоматски се стабилзира со што повторно нели, операторот се ослободува од непотребни грижи.

maxresdefaultЗа работниот простор може да искажат сите пофалби, како што се тоа изолираноста или лесното маневрирање потпомогнато од поставените камери околу машината, но тоа се атрибути кои се сметаат како постигнат стандард од кој не се отстапува.

Сé во една точка

Истиот принцип на оддржување, кој важи за целата гама на Volvo, применет е и во багерот на тркала EW180E. Контролата се врши со вадење на само еден страничен капак а редовниот сервис се врши на истото место поради тоа што сите филтри како и местата за подмачкување се поставени под истиот капак.

И на крајот, кога треба да се опише работна машина која припаѓа на самиот технолошки врв, воедно претставува и тешка но истовремено и крајно едноставна задача. Ако ви е потребен доверлив, квалитетен и флексибилен багер, Volvo EW180E одлично ќе ви ја заврши работата.

Volvo_EW180E_wheeled_excavator.555b4c50b85ce