Volvo FH XXL кабина

Дом далеку од дома

Новата XXL FH кабина на Volvo им нуди на возачите дом далеку од дома

Поголема, со повеќе простор за складирање и еден од најголемите кревети во светот на камионите – со тоа Volvo Trucks ја унапреди својата веќе докажана FH кабина за комфорен престој на долгите патувања. Нејзината нова XXL верзија е дизајнирана да биде дом далеку од дома за возачите. Разликата е навистина голема – кабината е за цели 600 литри поголема од и онака веќе пространата FH, пружајќи им на возачите многу повеќе простор за да се протегнат. Вклучува и поголем кревет и многу дополнителни лесно достапни места за складирање.

Преработката на кабината бараше поместување на задниот ѕид наназад за 25 cm и нејзино засилување со дополнителни Ц-столбови. Резултатот е многу подолга кабина која исто така е и доволно силна за да ги исполни строгите стандарди за безбедност на Volvo Trucks. „Сакавме многу поголема кабина, која исто така има сила да ги издржи предните тестови за удар на Volvo Trucks, но без премногу да ја зголемиме тежината. XXL кабината ги исполнува сите овие услови“, вели Ларс Франк, продукт-менаџер за специјални понуди на возилата во Volvo Trucks.

Во неа веднаш се забележува поголемиот кревет, еден од најголемите во камионите. Тој е за 13 cm подолг од регуларниот FH и неговата должина изнесува дури 213 сантиметри. Поширок е за 25 cm, давајќи му на возачот мноштво дополнителен простор како за главата, така и за нозете. И душекот е нов, направен со S-Touch технологија со која се интегрирани перничиња од полиетарска пена на секоја пружина. Подигнат е за пристап до зголемениот простор за складирање во постојните прегради, кој располага со дополнителни 50 литри. До него може да се стигне и однадвор, а дополнителна флексибилност и удобност на ентериерот дава и тоа што креветот може да се нарача со функција за подигнување под агол на горниот дел, што, на пример, овозможува полесно читање.

„Добро одморениот возач е побезбеден и посреќен. Затоа сакавме да понудиме навистина голем кревет, кој исто така е исклучително удобен“, вели Јоаким Вернерсон, главен директор на одделот за специјални проекти во Volvo Group Trucks Technology. „Многу возачи на камиони со недели се на патиштата. XXL кабината е дизајнирана ним да им обезбеди флексибилност и удобност од светска класа“, додава Вернерсон.

Продажбата на новата XXL FH кабина веќе е започната.