Volvo FL Electric

Први испораки на купувачите

Volvo Trucks мината година го најави почетокот на производството на камионот Volvo FL Electric развиен за градска дистрибуција и други транспортни и комунални апликации, а сега ги испорача и првите примероци на компанијата Renova, логистичкиот оператор DB Schenker и својот партнер TGM

Испорачаните камиони се развиени во соработка со овие избрани купувачи и како дел од лимитираното претсериско производство се прилагодени на нивните барања а возачите што ќе управуваат со овие електрични камиони, како и оператерите, поминаа обука и спроведоа тест возења. Сериското производство на Volvo FL Electric и посилниот FE Electric ќе започне во втората половина на годината. Сите произведени камиони исто така ќе бидат во лимитирани серии и наменети за купувачи во Европа. „Блиската соработка са возачите и клиентите ни овозможи во краток временски период да развиеме решенија за електрифицираниот транспорт кои ги задоволуваат високите барања во поглед на перформансите, возењето, ракувањето со товарот и самото користење на возилото“, вели Рогер Алм, претседателот на компанија Volvo Trucks.