Volvo Heavy-Duty Electric

Тежок електричен камион за регионална дистрибуција и градежништво

► После моделите наменети за градски превоз, Volvo претстави концепт на тежок камион со електричен погон наменет за регионална дистрибуција и градежништво

Во годината што изминува Volvo започна со продажба на електричните камиони FL и FE од лесната и средната категорија. Првите искуства уште се собираат, но Швеѓаните веруваат дека струјата може да биде конкурентна алтернатива и кај тешките камиони. За да ги истражат можностите, тие развија концептни електрични камиони наменети за градежниците и регионална дистрибуција. За тешките работи во градежништвото е предвиден кипер со 4 оски, а за дистрибуција влекач со адекватна полуприколка. Целта е да се проценат различни решенија и измери нивото на интерес на пазарот за вакви возила.

А освен дека убаво изгледаат, за нив скоро ништо не се знае бидејќи Volvo не објави никакви детали. Истакнато е само дека ваквите камиони се наменети за превоз на компании чии возила годишно поминуваат околу 80.000 километри, што значи дека минималната автономија на електричните камиони кои ќе произлезат од овие концепти треба да биде најмалку 250 km.