Volvo хибридни автобуси

За 35 отсто помалку гориво

Првите искуства на градското транспортно претпријатие во Чачак покажаа дека хибридните автобуси трошат за 35 отсто помалку гориво

На почетокот на април, претпријатието Аутопревоз од Чачак набави 10 хибридни автобуси од марката Volvo и веќе првиот што беше вклучен но редовен сообраќај ги покажа сите предности на новите технологии, забележувајќи потрошувачка за 35 отсто помала. Со тоа, велат од претпријатието кое го врши градскиот превоз во овој град, сосема се оправдува одлуката за инвестирање во ваков вид возила, како тврдат први во Србија и на Балканот. Се работи за половни возила од моделот 7705 LH Hybrid, со кој возачите на Аутопревоз остварија просечна потрошувачка од 29 литри на 100 километри, за разлика од потрошувачката на другите автобуси со сличен капацитет и оптоварување со конвенционален дизел мотор која се движи околу 45 литри.

Релацијата на која сообраќа е најоптоварената во градот и долга 18 километри. Еден автобус на оваа линија дневно превезува меѓу три и пет илјади патници. Сите тие веќе ги забележаа разликите – кога стои на постојка овој автобус не создава никаква бучава бидејќи дизел моторот му се исклучува. Тивок е и при тргнување затоа што до 20 km/h вози само на струја. Исто и при кочење, кога енергијата се регенерира и враќа во литиум-јонските батерии.

2000DSCN5938[1]