Volvo L110 F – Натоварувач на тркала

Мултиталентиран натоварувач

Со класично робусен изглед, зглобниот натуварувач на тркала 110F, со ништо не најавува дека е составен од дузина нови технолошки решенија, сите одред конструирани и произведени во сопствените погони

За натоварувачот на тркала L110 F, во Volvo тврдат дека може да замени најмалку две работни машини. Ова убедување се должи на маултифункционалната основа која овозможува вградување на голем број приклучоци со кои од корен може да се смени карактерот на машината. Интересно притоа е дека системот наречен TP – linkage е составен од специјални додатоци кои се изработени од страна на експертите на Volvo. Посебно развиениот принцип на подигнување на товарот е извонредно ефикасен и ги спојува предностите кои ги овозможуваат паралелните оски и системот со “Z”–греда. Тука некаде започнува најавата за спецификите на шведскиот натоварувач на тркала во однос на присутните конкуренти на пазарот.

Примерен работен простор

Операторот го пречекува работна средина која се опишува како најпријатна кабина досега произведена од Volvo. Чисто, уредно, прегледно, и пред се удобно место за поминување на работниот ден. Во постигнувањето на овие цели, шведскиот производител ги користи искуствата од половина век во производството на ваков тип натоварувачи.

Лесно е да се каже но како да се постигне тоа? Во исполнувањето на безбедносните критериуми кои го штитат операторот воопшто не би се задржувале, тие одамна се репер за останатите производители. Вниманието го привлекува механичката изолација која е изведена со хидраилични шок–апсорбери, како и акустичната изолација на кабината која е на ниво на патничките автомобили од средната класа.

Климатизираниот воздух поминува низ тројно филтрирање а при многу прашнави средини, 90% од воздухот циркулира во внатрешноста, додека само 10% се уфрла од надвор.

Подесувањето на управувачот, амортизираното седиште и потпирачот за десната рака, ќе овозможат секој оператор да го прилагоди работното место спрема сопствените димензии. Сликата ја надополнуваат ефикасните светла поставени од двете страни на натовоарувачот кои ќе овозможат непречена работа и при влошена видливост.

Врвна технологија во класичен облик

Зглобните натоварувачи на тркала, на пазарот се присутни децении наназад па затоа кај новите модели речиси и да нема изненадувачки решенија. На предниот дел се монтира натоварната лопата, моторот се сместува зад кабината, преносот е на двете оски а управувањето се изведува преку хидраулика. Volvo ја продолжува таа традиција, но изненадува со примена на новите технологии. Навистина сето тоа го поседува и Volvo L110 F. Но! Едно големо ‘но’ стои зад секоја употребена компонента.

Погонот го обезбедува современ линиски дизел со шест цилиндри и волумен од 7,1 литри. Максималните 231 КС се пропратени со вртежен момент од големи 1.065 Nm. Двете погонски оски со моторот се поврзани преку автоматска менувачка кутија која има по 4 степени на пренос за движење нанапред и наназад. Хидрауликата се користи за управување, и се рабира, за погон на работната рака. Специфика: сите компоненти се сопствено производство на Volvo. Уште побитно од тој факт е извонредната ефикасност и економичност кои се постигнати преку оптимизирање на хидрауличната сила. Се додека управувачот не се заврти системот не генерира притисок а за подигнување на товарот се употребува сила која е потребна за подигнување на токму таа тежина.

Погонските оски се заштитени со масивни куќишта па така потребата од нивно одржување е сведена на минимум. Посебно се истакнува задната оска која во тек на целиот работен век на машината, нема потребно од подмачкување или одржување.

Систем за контрола Contronic

Кога сме веќе кај одржувањето да напоменеме дека операторот, од командната табла, во реално време може да ги отчитува сите параметри на натоварувачот помеѓу кои се и состојбата на сите течности како и временските интервали за редовни сервиси. Тој систем е развиен до таа мерка што во Volvo му доделуваат и посебно комерцијално име (Contronic). Тоа би значело дека преку сателитски линкови одговорните во матичните сервисни цен три можат благовремено да реагираат (и превенираат) на појава на било каква нерегуларност во работењето на машината.

Инаку редовните контроли се изведуваат многу едноставно од ниво на тлото, а сите контролни точки се групирани на едно место. Исто така и редовните сервиси се изведуваат за кратко време, сведувајќи го на минимум времето на празен од на машината.

Замена за повеќе машини

Тоа што шведскиот производител го истакнува како најголема предност, ние го оставаме за крајот. Со богатата понуда на специјални приклучоци, Volvo L110 F може да замени барем две машини. Ова тврдење се поткрепува со фактот што без разлика дали станува збор за поместување на мек, зрнест или крупно–каменест материјал, без разлика дали се работи за дрвени трупци или стандардни палети, и се додека товарот не надмине 11 t. тој ќе биде лесно, ефикасно и безбедно преместен или натоварен.