Volvo LNG

Гориво од сегашноста за камионите од сегашноста

Во потрагата по алтернативните горива, Volvo се насочи кон втечниот природен гас

Volvo во својата гама има LNG верзии на камионите FH и FM, кои со исти перформанси имаат емисија на CO₂ помала за 20 до 100%. Моторот на овие камиони како погонско гориво го користи таканаречениот втечнет природен гас. Има две верзии – со 460 KS и 2.300 Nm и 420 KS и 2.100 Nm. Иако овие бројки се споредливи со соодветните дизел агрегати, потрошувачката кај овие мотори е помала за 15 до 25% отколку кај моторите кои користат компримиран природен гас. Дека ги задоволуваат Еуро 6 стандардите не треба да споменуваме. Наменети се за тешки регионални и превоз на долги релации.

VolvoFH_Interior_cluster[1]