Volvo LX2

Volvo зачекорува во електрична фаза од развојот

Volvo уште пред две години има претставено концепт на електричен компактен натоварувач на тркала

На самитот за иновации на Volvo Group во Берлин во 2018 година Volvo Construction Equipment го прикажа моделот LX2, електричниот компактен натоварувач на тркала. Прототипната машината овозможува нулта емисија, значително пониски нивоа на бучава, подобрена ефикасност и намалени оперативни трошоци. Volvo Construction Equipment (Volvo CE) ја претстави својата најнова концептуална машина позната како LX2 – на специјалистите во индустријата, креаторите на политики, медиумите и академската заедница на самитот за иновации на Volvo Group оддржан во септември. Прототипот на електричен компактен натоварувач на тркала во споредба со нејзините конвенционални колеги обезбедува нулта емисија, значително пониски нивоа на бучава, подобрена ефикасност и намалени оперативни трошоци.

LX2 беше претставен пред две години на четвртиот Самит на иновации на Volvo Group кој се одржа во Берлин, Германија, заедно со автономните и електромоторни иновации од целата групација на Volvo. Настанот се фокусираше на инфраструктурата и транспортот во градовите на иднината, како и на тоа како новите концепти можат да имаат позитивно влијание врз општеството преку зголемена транспортна ефикасност, намалено влијание врз животната средина и подобрување на безбедноста во сообраќајот. На самитот, Volvo CE, исто така, го демонстрираше својот EX2, целосно електричен компактен прототип на багер и го претстави проектот за истражување на електрични машини на компанијата.

Електрични операции

LX2 е прототип од втората генерација кој е дел од истражувачкиот проект и не е комерцијално достапен. За да ја направат машината електрична, моторот со внатрешно согорување е заменет со литиум-јонска батерија. Оваа батерија складира доволно електрична енергија за да машината работи осум часа, и тоа во своите најчести апликации, како што е изградбата на лесна инфраструктура и уредување на земјиште. LX2, исто така, вклучува и два наменски електрични мотори, еден за механички погон и еден за хидраулика. Раздвојувањето на овие два система дава поголема ефикасност и на самите системи и на целата машина.

„LX2 е револуционерен прототип со нулта емисија кој нуди подобрена ефикасност и пониски оперативни трошоци, без да се загрозат перформансите на машината”, вели Улрих Фас, менаџер за развој на нови технологии. „Таа ги вклучува најновата напредна технологија за производство на батерии. Бидејќи е електричен, во околината не испушта честички, азотни оксиди или јаглерод диоксид. Ова, заедно со фактот дека има исклучително ниско ниво на бучавост, го прави идеален за употреба во градовите и густо населените области, бидејќи може да се користи без да ги вознемирува луѓето.

Како LX2, и EX2 исто така е дел од истражувачкиот проект и не е комерцијално достапен. Прототипот на машината испорачува нулта емисија, 10 пати поголема ефикасност, 10 пати пониско ниво на бучавост и намалени вкупни трошоци на експлоатација во споредба со нејзините конвенционални колеги.

Почист, потивок, поефикасен

На самитот, Volvo CE, исто така, го презентираше својот истражувачки центар, кој има за цел да ги трансформира експлоатацијата на каменоломи и индустријата за материјали, со намалување на емисиите на јаглерод до 95%, а вкупните трошоци на експлоатација до 25%. Volvo CE и нејзиниот клиент Skanska Sweden моментално го тестираат решението од електричниот центар, во реална производна средина, во рок од десет недели, на каменоломот Викан Крос, во близина на Гетеборг, Шведска. Системот вклучува прототипови на електрични и автономни машини, вклучувајќи го автономниот HX2, носач на батериски електрични полнења, LX1 хибриден натоварувач на тркала и кабелски приклучениот, EX1. Овие машини се дел од истражувачки проект и не се комерцијално достапни.

„Електрификацијата на градежната опрема ќе произведува почисти, потивки и поефикасни машини – ова ја претставува иднината на нашата индустрија”, заклучува Патрик Лундблад, постар заменик-претседател за технологија во Volvo CE. „Во моментов сме во период на експоненцијален раст на технологијата и сме на почеток на смена на парадигмата. Во Volvo CE развиваме технологии поврзани со електромобилност, автоматизација и поврзувањеод кои ќе имаат корист нашите клиенти и животната средина, со тоа што ќе придонесат за зголемени перформанси, продуктивност, ефикасност, безбедност и одржливост на машините. Нашите идни производи и услуги ќе играат важна улога во градењето на одржливо општество”, заврши Лундбланд.