Вистинска корпа за секоја работа
Новите наменски корпи ја унапредуваат продуктивноста и профитабилноста на натоварувачите на тркала
Како што за секоја работа човек зема вистинска лопата, така е и за натоварувачите на тркала – Volvo за секоја различна работа има подготвено посебна корпа. Со најновото проширување, на понудата на корпи за натоварувачи се додадени уште неколку производи чии заеднички карактеристики им се умната конструкција и ненадминливата издржливост, што резултира со долготрајни перформанси кои одговараат на намената и условите за работа на градилиштата. Се работи за трите нови корпи за Volvo натоварувачите на тркала L110-L350 – една наменета за песок, а две за растресити материјали. Оптимизирани за своите намени, овие корпи овозможуваат натоварувачите на тркала да се искористуваат со максимален капацитет штедејќи време, пари и труд. Целта на инженерите на Volvo е од широката понуда приклучоци купувачите да можат да го изберат она што најдобро ги задоволува, па и надминува барањата, осигурувајќи попрофитабилно работење.
Обликувани за поголема ефикасност
Интелигентно конструирани, овие корпи се полнат лесно благодарејќи на обликот и урамнотежениот однос на подот, грбот и вдлабнатите отвори. Со подобрената продуктивност тие овозможуваат на операторите на машините за пократко време да сработат повеќе, намалувајќи ја потрошувачката на гориво и до 20%. Оптимизираните штитници против истурање го насочуваат материјалот со што подобро се штитат лостовите, а заоблените бочни плочи одлично го задржуваат товарот обезбедувајќи поефикасна работа. За да се спречи мешањето на материјал со различни градации, корпите се одликуваат со минимални џепови. Можат да се приклучуваат со кука или клинови.
Корпи за растресити материјали
Без оглед дали се работи во каменолом или сепарација, корпата за растресити материјали е идеален партнер кој гарантира високопродуктивно ракување со материјалот со економична потрошувачка на гориво. Сопствениците можат да очекуваат најголем степен на ефикасност благодарејќи на тоа што лесно се полнат, со што се скратува времетраењето на циклусот. Со овие наменски корпи операторите можат истата работа да ја завршат со помалку гориво, што значи повеќе натоварен материјал со помали трошоци. За преместување, собирање на купче и товарање на растресити материјали како што се песок, чакал или агрегат, совршено одговара корпата со рамно дно. За работи на песок или друг мек терен, оваа корпа максимално ја зголемува влечната сила, притоа задржувајќи чисто работно опкружување за ненадминлива продуктивност и ефикасност. Всушност, се профитира со секоја натоварена корпа. Се произведуваат во бројни големини – со зафатнина од 3,1 па до 10,4 кубни метри и широчини од 3.000 до 3.970 mm.
Корпа за песок
Корпата за песок е идеален избор за работа во услови на меко тло каде влечната сила на тркалата е нарушена. Наменета за ракување со песок или ситен агрегат, долгиот под на корпата овозможува максимално продирање во материјалот што ги олеснува зафатот на тркалата, а рамниот облик помага работата површина да остане чиста. Се произведуваат со зафатнина од 3,6 до 6,2 кубни метри и широчини од 3.200 до 3.580 mm.
Издржливи во секој поглед
Со издржлива конструкција која поднесува груби услови за работа, во овие корпи е акумулирано децении инженерско искуство кое им гарантира долг век на траење. Како и сите приклучоци на Volvo, и овие беа подложени на опсежни тестирања за да се загарантираат највисоките стандарди за продуктивност и издржливост во било која примена. За да се осигура долготрајноста на корпата, на критичните места се поставени делови од челик со голема цврстина и отпорност на абење, што непланираните застои ги сведува на минимум. Без оглед колку се оптоваруваат, тие се направени да траат, нудат профитабилност и максимално време на работа без застои.
Покрај тоа што добиваат најпродуктивни и најиздржливи приклучоци за своите машини, купувачите на градежната механизација на Volvo имаат и извонредна поддршка преку глобалната мрежа застапници и сервиси. Кога треба да се замени делот што се истрошил, достапноста е загарантирана, бидејќи Volvo е посветен на позитивниот поврат на инвестициите на своите купувачи.