Volvo лансира серија сопствени крути дампери
Volvo е на пазарот на крути дампери со комплетен асортиман. Користејќи ја експертизата на шкотскaта фабрика на Terex, во понуда се бидат 4 машини кои започнуваат од 45-тонскиот R45D сé до најголемиот 100-тонски R100E
Од Volvo Construction Equipment (Volvo CE) од вториот квартал на 2018 г. влезе на пазарот на крути дампери кои се понудени под сопствените, Volvo ознаки. Развојот на новите четири модели силно се потпираше врз долгогодишната експертиза и искуство кои ги има Terex Trucks, како и на сопственото искуство и технолошките сознанија на Volvo групацијата. Иницијално, понудата се состои од 45-тонскиот R45D, потоа преку 60-тонскиот R60D и 72-тонскиот R70D па сé до знаменосецот, 100-тонскиот R100E.
Серијата „Е“ (R100E) претставува целосно нов 100-тонски Volvo крут дампер кој ја комбинира побарувачката на пазарот и познавањата на клиентите со проверени компоненти, нови технологии и продуктивни решенија, за да се исполнат очекувањата на корисниците од рударството и каменоломите.
Длабок инженерски преглед
Изработени врз постоечката и одлично докажана, TR серија на Terex Trucks, развојот на серијата „D“ (R45D, R60D и R70D) на крути дампери, погледната од инженерски агол, обезбедува исполнување на стандардите кои се очекуваат од една Volvo машина. Истото, ако не и поизразен, е аспектот на квалитетот понуден во однос на припаѓачката класа. Подобрувањата вклучуваат поголема видливост и подобрување на вградените безбедносни системи кои се резултат од зголемената техничка поддршка на Volvo, а во согласност со шведскиот брендинг.
Како резултат од лансирање на новата серија под ознаките на Volvo, крутите дампери на Terex Trucks постепено ќе бидат повлечени од пазарот.
„Нашето купување на Terex Trucks во 2014 година беше стратешка одлука која му овозможи на Volvo на своите купувачи да им понуди крути дампери“ изјави Томас Битер, потпреседател на маркетинг и производи во Volvo CE.
„Оттогаш ние работиме на конструирање на целосно нов крут дампер кој ќе го почитува 84-годишното искуство на Terex Trucks, притоа вградувајќи ја водечката индустриска технологија на Volvo CE како и врвниот квалитет, безбедноста и еколошките стандарди. Денеска ние влегуваме во нова фаза во која новите машини на Volvo, а поготово E-Series R100E започнуваат со работа. Ние сме убедени дека со нив ќе бидат импресионирани корисниците во рударството и каменоломите“, истакна Томас Битер.
Фокус врз новите машини
Целосно новиот знаменосец, R100E е дизајниран за исполнување на очекувањата за крут дампер кој ќе испорачува високи перформанси и продуктивност, ниски трошоци на оддржување, олеснет сервис и висок комфор за операторот. Со неговиот голем капацитет и влечна брзина, новата V-шасија, ефикасната хидраулика, паметен систем за мониторинг и возачко опкружување, R100E ќе им помогне на корисниците да преместат повеќе материјал за пократко време.
„Крутите дампери на Terex Trucks познати се по добри перформанси при влошени работни услови, како и за едноставно оддржување и евтина експлоатација“, изјави Пол Даглас, потпреседател на Volvo CE за крути дампери и Terex Trucks. „Нашиот докажан дизајн обезбедува силна поддршка која ќе помогне да се развие иновативниот влез на Volvo CE во оваа нова производна линија. Новата E-Series R100E е целосно нова машина која се карактеризира со стабилност, долг сервисен интервал, висока профитабилност, постојаност и комфор. И уште повеќе, таа е брза и едноставна за оперирање и оддржување“.
Светла иднина
Новите крути дампери брендирани со Volvo беџ, ќе бидат произведувани и ребрендирани како и досега во матичната фабрика во Матервел, Шкотска а ќе бидат продавани само низ продажната дилерска мрежа на Volvo.
Како и до сега зглобните дампери на Terex Trucks ќе продолжат да се развиваат и произведуваат во погоните на Матервел, а ќе бидат дистрибуирани преку постоечката независна дилерска мрежа на Terex Trucks.