VW T2 Electro

Тивко и без емисии 200 километри

И покрај противењето за закоравените љубители во класичните автомобили, продолжува трендот на нивна конверзија во електрични

Најновиот пример доаѓа од VW, кој со помош на специјалистите од EV West го опреми Т2 комбито од 1972 година со електропогон од e-Golf. Тоа значи дека оваа класична автомобилска икона има 134 KS, едностепен менувач и систем за полнење, искомбинирани во единечна попречно поставена погонска група. Доби и независно задно ослонување за да се справи со додадената тежина. Батериите со капацитет од 35,8 kWh сместени во огноотпорни куќишта се наоѓаат под предните седишта, на местото на резервоарот за гориво што обезбедува да се задржи оригиналниот изглед на внатрешноста. Автономијата му изнесува 200 километри.