Wacker Neuson ET20

Мини багерче за макси градови

Мини багерот ET20 на Wacker Neuson со своите навистина скромни димензии ќе може да одговори на многу различни задолженија околу копањето инсталациски канали по разни урбани средини

Пазарот на најмалите багерчиња е во постојан пораст. Поставувањето на инсталации најчесто е поврзано со големите урбани центри, а тоа пак најчесто значи работа на прилично тесен простор. Токму тоа е причината за голема понуда на багери во класата со работна тежина која се движи помеѓу 1.7 и 2.4 t. Моделот ET20 со тежина помеѓу 2.005 и 2.324 kg спаѓа токму во оваа група на машини.

Мотор сместен под седиште

wn_image_et20_studio-vdsВо надворешни димензии (405 x 99 x 230) cm. да сместите кабина, работна рака стрела, секач, гасеници, мотор и уште цела низа уреди, навистина мора да сте вистински мајстор по машинска архитектура. Од тие причини моторот кај ET20 е сместен на подницата од ротирачката структура, точно во просторот под возачкото седиште. Трицилиндесрскиот дизел е производ на YANMAR, од своите навистина скромни 1.116 cm3 при само 2.200 вртежи истиснува солидни 18 КС.

Хидрауличниот сет задолжен за придвижување на сите механички делови, се состои од двојна варијабилна пумпа која работи во 2 степена а максимално може да генерира притисок од 200 bar. Тоа на машината и обезбедува исклучителна снаодливост, така да ротирачкиот дел може да изведе 10 вртења во една минута и притоа да се движи со брзина од 4.1 км/ч.

Замена за работна сила

Да ги разгледаме уште малку капацитетите на багерчето. Надолжно испружени, работната рака и стрелата можат да ископаат материјал до длабочина од 2.683 mm. и потоа да го подигнат на височина од 2.836 mm. За стабилноста се грижи секалото со димензии 990 x 220 mm а за подвижноста, гасениците со широчина од 250 mm. Како специфика се истакнува VDS системот кој овозможува хидраиличните носачи да ја наклонот кабината под агол од 150 за да може поефикасно да ги извршува работните циклуси на кос терен.

Кабина со двостран пристап

Wacker NeusonИако говориме за екстремно копактни димензии, операторот до своето работно место може да пристапи и од двете страни на машината. Притоа и престојот да му биде пријатен поради добрите изолации, а безбеден поради цврстата носечка структура. Во поглед на економичноста на експлоатација не би требало многу да се трошат зборови поради самиот факт што како основен погон е искористен мал и докажан дизелкси мотор кој притоа ги исполнува и високите Tier 4 Final – стандарди.

Се рабира дека и дневните контроли како и периодичните интервенции се едноставни и брзи, а се изведуваат само со отварање на страничниот капак. Дали е потребно да се истакне фактот што видливоста и контролата над извршените копања е одлична и непосредна.

Wacker Neuson ET20 VDS