Winenebago Brave

Најлудиот кампер на сите времиња

Летото е време на одмори и долги патувања, а камперите се идеални за тоа

И додека на светскиот пазар постојано се појавуваат сé помодерни и сé полуксузни кампери, Winenebago Brave е сушта спротивност. Однадвор изгледа доста истрошено, одвнатре како да ја преживеал втората светска војна, ама сé на него си има своја намена. Барем така мислат двајцата браќа од Висконсин кои се основачи на компанијата Ringbrothers специјализирана за преработки на стари автомобили. Точно така, и овој кампер е стар, и тоа доста – потекнува од 1972 година. Епитетот „најлуд“ го заслужува со секој детаљ, но највеќе со компресорскиот LS 408 V8 мотор од GM преработен од Wegner Motorsport кој испорачува лудачки 900 коњски сили! Да, добро прочитавте, не е грешка – деветстотините потентни пастуви преку General Motors 4L80 автоматска трансмисија се испраќаат на задниот дел од пикапот Ford F-550 и на овој кампер тежок скоро четири тони му овозможуваат забрзување до 80 km/h за 3,2 секунди…