WIT-PM 200

Еден хемиски анкер за сите материјали

Двокомпонентната реактивна смола на Wurth ноаѓа широка примена во ѕидарството, погоден е за прицврстување на дрвени структури, метални конструкции, метални профили, билборди, потоа разни видови цевки и кабелски и инсталациски канали


Wurth уште еднаш потврдува дека прецизно знае да ги детектира специфичните барања на градежните оперативци и потоа да понуди ефикасни решенија. Одличен пример за изречената констатација е реактивната смола за пополнување на отворите за анкерни носачи, WIT-PM 200.
WIT PM 200 Tabela-01
Хемискиот анкер во суштина е дво-компонентна реактивна смола (без polyester styrene) наменета за пополнување на отворите при поставување на анкерни носачи. Во ѕидарството може да се употребува при поставување во полна цигла, полна бетонска цигла, вертикално перфорирана бетонска цигла како и во перфорирана бетонска цигла. Исто така, производот WIT-PM 200, кој доаѓа во пакувања од 150, 300 и 330 ml, може да биде употребен за бетон без пукнатини а применета ги опфаќа и шупливите цигли за бетон и лесен бетон, камен, мермер, …

2Едноставната употреба е уште една каракеристика на австрискиот производител. Во случајов со употреба на обичен “пиштол“ за силикон и понудениот сет, работата може брзо и ефикасно да биде решена. Процедурата налага најпрвин со рачна дупчалка да се направи потребниот отвор, потоа со рачна пумпа за воздух да се истисне прашината создадена од дупчењето, со мала четка да се истрие внатрешноста на отворот и уште еднаш да се употреби пумпата. Така обработениот отвор потоа е подготвен за нанесување на содржината од реактивна смола при што се користи пиштол за силикон, и брзо потоа се поставува анкерот. Вишокот од смола се отстранува и по дваесетина минути на анкерот може да се монтира саканата конструкција.

Широкиот опсег на употеба ги опфаќа прицврстувањата на дрвени структури, метални конструкции, метални профили, билборди, потоа разни видови цевки како и кабелски и инсталациски канали. WIT-PM 200 при монтажа може да биде употребен во температурен распон од -5 до +350C, а по стврднувањето резистира на температури помеѓу -40 и +400C. Како што и прилега на производител од рангот на Wurth, WIT-PM 200 ги поседува сите европски ETA сертификати за квалитет, а максималаната ефикасност на производот е гарантирана со прецизните табели за употреба при специфични услови.