Wurth – Електрични аголни брусалки

Брусење по мерка

Во широката палета на батериски, електрични и пневматски  машини, Wurth нуди серија на електрични аголни брусилки со широк распон на моќност и можност за употреба како во домашни активности така и во професионални дејности

Често се мисли дека рачните машини го достигнале врвот на развојот и дека кај нив е оставен многу мал простор за интервенции. Дали е тоа навистина така? Развојните инженери на Wurth, судејќи според понудата на нови технички решенија вградени во најновите продукти на компанијата, воопшто не се сложуваат со таквата констатација.

Како доказ на нашето тврдење, во продолжение ќе разгледаме две електрични аголни брусалки, EAG 115 и EWS 24/230 кои ги претставуваат двете крајности во поглед на моќноста и капацитетите, а помеѓу кои се сместени бројни други модели со варијации на можностите, прилагодени спрема специфичните потреби на одделни групи корисници.

Електрична аголна брусилка  EAG 115

Со вкупна тежина од само 1.6 кг моделот EAG 115 е еден од најлесните во својата класа. Прикладен за брзи интервенции, оваа аголна брусилка со моќност на електричниот мотор од 850 W ефикасно ќе одговори на сите очекувања.

Од практичните решенија карактеристични за овој модел, ќе ги издвоиме прекинувачот со два преклопи кој придонесува за зголемување на сигурноста, роторот заштитен од прашина и отпадоци од брусење, потоа лежиштата на роторот сместени во гумено куќишта со што се спречува „заварувањето“ на лежиштата во куќиштето при загревање, иглестите лежишта во главата на брусилката – решение кое обезбедува отпорност кон поголеми оптеретувања, …

Од останатите технички специфики на EAG 115 ќе спомнеме дека роторот се врти со максимални 11 илјади вртежи во минута додека плочата за сечење може да биде со максимален пречник од 115 mm. Разбирливо, името на производителот и тригодишната гаранција на производот, секогаш ќе застанат на страната на квалиетот. Кога внимателно ќе се погледнат сите својства на електричната аголна брусилка EAG 115 се наметнува заклучокот за потребата таа да си го најде местото во секој дом каде што домаќинот има амбиција сам да се нафати за работа.

Електрична аголна брусилка  EWS 24/230

Од спротивната страна на моделот EAG 115 , како најкапацитетна електрична аголна брусилка, Wurt го нуди моделот EWS 24/230. Во вкупна тежина која изнесува 5.8 kg. производителот сместува електричен мотор од 2.400 W и притоа вградува систем за пригушување на вибрациите. Оваа особина посебно ќе ја ценат професионалците кои при завршување на работното време ќе чувствуваат многу помал замор во рацете.

Во служба на обезбедување на оптимална позиција при брусењето, рачката може да биде поставена (под агол од 900) на едната или пак на другата страна на машината. Стандардните функции на EWS 24/230 како што се  обезбедувањето на мек старт, заштитата од рестарт и индикатор за оптеретувањето, го даваат својот придонес кон зголемување на безбедноста при работата.

Исто така, електричната аголна брусилка EWS 24/230, поседува заштита на штитникот на плочата од ротирање, заштита од ненадејно сопирање на плочата под влијание на надворешни фактори при што автоматски се прекинува доводот на електрична енергија со што се намалува опасноста од повреди, додека при евентуално преоптеретување на моторот се пали контролна LED сијаличка.

Понатамошниот преглед на техничките податоци ни открива дека машината во празен од работи на 6.600 вртежи во минута а максималниот пречник на плочата изнесува 230 mm. Импресивните можности на брусилката се огледаат и во општата 3 годишна гаранција која Wurt ја дава стандардно за целиот свој програм на брусилки.