WURTH

Одржување на DPF филтер

Во современите дизел мотори, поради почист издув и запазување на строгите еколошки норми, се вградуваат DPF (Diesel Particulate Filter) филтри кои имаат способност да ги задржуваат честичките од чад. Поради природата на хемискиот процес, тие треба повремено да се чистат а за таа цел WURTH има ефикасен предлог

Чистење на DPF филтерот – филтерот за честички од чад (Diesel Particulate Filter)

Што е DPF Филтер?
Која е неговата функција?

Чистење на DPF филтерот – филтер за честички чад

Парче од DPF филтер со наталожени честички од чад

ЧИСТАЧ НА DPF – ПАРТИКУЛАРЕН ФИЛТЕР КАЈ ДИЗЕЛ МОТОРИТЕ

    • Едноставно користење
    • Поправка без демонтажа

– минимална можност за оштетување на DPF филтерот
– работа само на еден работник
– заштеда на време – минимални трошоци за поправка

    • Продолжен работен век на DPF филтерот – евтино оддржување
    • Намалена емисија на штетни гасови

– нема ризик на технички преглед на возилото
– посигурна работа на моторот
– помала потрошувачка на гориво

Чистење на PDF филтерот

  • Да се изгасне моторот и да се остави да се излади
  • Да се извади сензорот за температура со што е овозможено сондата да се уфрли во внатрешноста на DPF филтерот
  • Доколку не постои сензор да се одврти всисниот отвор на филтерот и да се делува со помош на сондата низ него
  • ВНИМАНИЕ: за цело време на работата да се применува следниов метод: да се прска не подолго од 3 секунди, по секое прскање пауза од 10 секунди. Да се повтори се додека има средство во боцата
    Чадот е на база на јаглерод и подложен е на запалување!
  • По употребата се препорачува пробно возење од 20 минути

Една боца за еден филтер!