XCMG XE215S

Кинески багер-амфибија

Една буква во ознаката прави голема разлика

XCMG, кој е еден од водечките кинески производители на градежни машини, има хидрауличен багер специјално прилагоден за работа во вода, на калливи терени и мека почва. Овој багер е базиран на стандардниот модел XCMG XE215C. Освен другата платформа која го овозможува тоа, промени има и во хидрауликата и електричниот систем кои се оптимизирани за потешките и влажни услови за работа. Специјалната конструкција обезбедува побавно трошење на компонентите, подолг животен век и помала потребна енергија за работа, а е внимавано и на одржувањето и можностите за транспорт.