Zastava NTV

Почнаа испитувањата на ново српско теренско возило

После неколку години неизвесност и нејзина трансформација како наменска индустрија, Zastava Kamioni се враќа во живот, сега под називот Zastava Tervo

Напорите да се спаси компанијата вродија со плод – во соработка со војнотехничкиот институт на Република Србија е проектирано ново теренско возило со ознака Zastava NTV. Направени се две варијанти – комби со продолжена кабина за превоз на 8+1 лица и товарно возило со кратка кабина за транспорт на товар со тежина до 1,4 тони. И двете варијанти се предвидени за влечење на воени орудија и приклучни средства со вкупна маса до 1,7 тони.

Во основа ова теренско возило претставува повеќенаменско функционално возило со максимална носивост од 7,5 тони и корисна од 2,5 тони, кое со исклучок на моторот, менувачот и ослонувањето во потполност е произведено во фабриката Zastava Tervo. За погонскиот склоп се искористени современ турбодизел мотор од марката Cummins од 3,8 литри со 170 коњски сили, шестстепен автоматски менувач Аllison и двостепен редуктор. Системот на независно ослонување на возилото му обезбедува оптимални влечно-динамички карактеристики при движење на терен, но и зголемена удобност на патишта со современ коловоз. Димензиите и тежината на возилото се такви да овозможуваат можност за вградување дополнителен товар на возилото во смисла на балистичка заштита, наоружување и разни наменски уреди.

Лабораториските, полигонските и теренските испитувања на Zastava NTV која ќе биде подложена на доста ригорозни и изискувачки тестови треба да докажат дека усвоената концепција на возилото и неговите влечно-динамички карактеристики во потполност се во согласност со поставените барања. При испитувањата во клима-комората на техничкиот испитен центар, како и пробните возења кои предвидуваат десетици илјади поминати километри на тешките терени на Делиблатските песоци, Златибор и Фрушка гора, ќе бидат извршени тестови и проверка на сите функционални карактеристики на возилото, како и нивна усогласеност со елементите на почетните тактичко-технички барања.

Иако проектирано за воена употреба, ова возило може да се добие и во цивилни варијанти со различни надградби.