ZF cPower

Безстепена трансмисија за челни натоварувачи

► Како докажан светски производител на агрегати и системи, компанијата ZF има доста корисно парче опрема за градежниот сектор

Големи напрегања при ниски брзини комбинирани со потребата за висока динамичност се барањата кои се од најголемо значење за градежната механизација. Токму овие критериуми се постигнати на оптимален начин преку технологијата на ZF за безстепена трансмисија, чија ефикасност беше незамислива досега. Растечките барања за повисока ефикасност во работењето, комбинирани со помалата потрошувачка на гориво, можат да се задоволат само со иновативни технологии, како на пример безстепената трансмисија. Тенденцијата да се работи на ниски вртежи на моторот, притоа обезбедувајќи му стабилна работа, се идните предизвици кои ќе се испречат пред градежната механизација. Безстепената cPower трансмисија на ZF ги задоволува и овие две барања. Кај челните натоварувачи на пример, хидростатичката трансмисија со можноста за смена на преносните односи под товар носи значителни предности во поглед на економичноста во споредба со хидродинамичките уреди. Безстепената трансмисија јасно ја демонстрира својата корисност во секој еден работен циклус на челните натоварувачи – од полнењето на корпата, преку транспортирањето, до товарањето. За време на тие процеси силата на моторот се предава кон тркалата со голема ефективност, додека вртежите се одржуваат во најекономичниот дијапазон.