Технологија 

Новитети од BOMAG за 2015

► На успешно завршениот саем INTERMAT 2015 во Париз, BOMAG прикажа неколку нови светски премиери за 2015 год., од кои неколку претставуваат и уникатност на пазарот


Промоција BT 60 G и BT 65 G вибро набивачи (тампери) на гас

Новата генерација на BOMAG вибро набивачи, се збогати со уште еден модел, а тоа е првиот набивач (тампер) со погон на гас. Двата модела од серијата BT 60 G и BT 65 G се опремени со бензиски мотор кој работи на конвенционален гас. Главната намена на овие уникатни и единствени набивачи на пазарот, се тесните канали и внатрешни простории, каде што издувните гасови (пред се јаглерод моноксидот), треба да бидат многу ниски. Во овој случај, со работата на гас, вредностите на СО се скоро 0% и ги исполнуваат и најстрогите критериуми за емисија на гасови.

BOMAG ECONOMIZER за мултинаменски компактор

По успешната примена на ECONOMIZER-системот кај вибро плочите и тандем ваљаците, BOMAG започнува и со примена на овој систем и кај мултинаменскиот компактор BMP 8500. За прв пат во светот, овој тип на машина е опремен со ваков систем за мерење на набиеноста и тоа како стандардна опција. Корисниците на овој систем ќе можат да ја пратат набиеноста, со тоа избегнувајќи непотребни вишок поминувања и откривање на слабости во почвата уште во раната фаза, правејќи ја работата високо ефикасна.

Реверзибилни плочи со нова класа

Во опсегот на реверзибилни плочи, BOMAG ја пополнува и преостаната празнина на пазарот со нови плочи во класата од 300 kg. Новиот тип BPR 40/60 D е идеално применлив за набивање длабоки слоеви во почвата. Како и со останатите модели од поголемите класи, и овој нов модел е опремен со целосен и робустен заштитен поклопец.

Нов пневматски ваљак од 4,5 до 11 t.

Како новитет на BOMAG е целосно ново дизајнираниот пневматски ваљак во класата од 4,5 до 11 тони. Овој нов модел BW 11 RH-5 ги спојува традиционалното набивање и модерниот хидростатички погон, правејќи го идеален за секаков тип на статични земјени и асфалтни набивања.

За разлика од поголемите веќе познати модели, овој ваљак има артикулирачко движење со централен зглоб, кој овозможува задните 4 тркала да ги пополнат празнините од предните 5 тркала, дури и при возење во свиоци. Особено ова доаѓа и до израз при тесни простори каде радиусот на вртење е само 2.70 метри. Целосно хидростатскиот погон се одликува со осетлива и лесна контрола, како и 3 различни брзини за различни примени во работата.

Удобноста и леснотијата во работењето ја дополнуваат големата ергономска кабина и доверливиот Kubota (Tier 4f) мотор кој е лесно достапен од сите страни. Сите зглобови на машината, како уникатност на BOMAG, не се подмачкуваат, со што се избегнува проблемот со неподмачкување на машините.

Нова асфалтна глодалка до 2 м.

Новата асфалтна глодалка (гребалка) BM 2000/75 претставува првата 2 м. машина целосно развиена и произведена во фабриката на BOMAG во Вопард, Германија.

Со моќност од 750 КС и ширина на гребење од 2,0 m до 2,2 m главна примена на оваа машина е при изградбата на автопати и аеродромски писти. Благодарејќи и на променливите типови на барабани за гребење, овој модел е флексибилен и може да задоволи и многу други примени. Моќноста на машината е ефикасно пренесена на барабанот за гребење со прилагодливи брзини на гребење и возење. Дизајнот на барабанот и новиот систем на држачи (BMS 15) овозможуваат макс. пренос на силите во асфалтот. Целосната изолирана од вибрации работна платформа е дизајнирана да може операторот седејќи без напор секогаш да има оптимална прегледност на важните компоненти при работа. Долговечноста и минималното одржување се двете важни принципи на новите модели.

Нови тандем ваљаци до 16 t.

Како дел од новата 5-та генерација на артикулирачки тандем ваљаци BOMAG го дополни своето портфолио со уште два модела: BW 191 и BW 206.

Со работни тежини од 12 и 16 тона, ширина на барабаните од 2.0 m и 2.13m овие артикулирачки тандем ваљаци се шампиони во тешка категорија, особено соодветни при употреба на автопати и аеродроми, за набивање на дебели слоеви и статичко набивање на порозен асфалт. Како уникатно решение на BOMAG, достапни се 3 различни системи на набивање. Стандардна двојна вибрација, Директна (насочена) вибрација или Asphalt Manager 2 и TanGO Осцилација за асфалтни споеви, мостови и близу згради.
Како можност тука е и едноставниот ECONOMIZER систем, како трето око во следењето на набивањето.

Дополнително на тоа, овие ваљаци се одликуваат со најудобната кабина на пазарот со преглед на машината од 360°. А за тоа придонесува и одвеноста на кабината од моторот, така што возачот е целосно изолиран од бучава, вибрација, топлина и издувни гасови. Правејќи го одржувањето лесно, сите компоненти за сервис се лесно достапни од земја, и како уникатна карактеристика овие ваљаци немаат точки за подмачкување.