Автопат Бања Лука-Белград

Голем интерес на градежниците

За автопатот што ќе ги поврзува Бања Лука и Белград владее голем интерес

На јавниот повик што го упатија властите на Република Српска за финансирање, проектирање и изградба на автопат кој треба да ја поврзе Бања Лука со Белград владее голем интерес – пристигнаа околу 40 пријави за делумно или целосно учество во извршувањето на работите. Десетина од нив се од големи градежни компании кои се во состојба сами да ја завршат работата, придружени од неколку банки и домашни подизведувачи. Тендерот за првата од трите делници кои водат преку Брчко и Бјелина до Рача и понатаму до границата со Србија со вкупна должина од 70 километри, веќе е распишан од страна на претпријатието Аутопутеви Републике Српске. Вредноста на работите е проценета на околу 700 милиони евра.