Аквадукт Велувемеер (видео)

Воден мост

Фасцинантно дело на архитектурата и инженерството

Отворен 2002 година, Велувемеер аквадуктот кој се наоѓа на истоименото вештачко езеро во Холандија е уникатен по тоа што под него поминува еден локален пат. Тој пак сам за себе е посебна приказна бидејќи го поврзува копнениот дел на земјата со најголемиот вештачки остров во светот Флевополдер и по него поминуваат околу 28.000 возила дневно. Аквадуктот на својот затворен дел е долг 24 метри, широк 26 и длабок 3 метри и им овозможува на пловилата сигурно и лесно да поминуваат над патот. Велувемеер е едно од 14-те поврзани езера изградени во педесеттите години за да се регулираат нивата на водите околу островот и подземните води во околните подрачја.