Америка, земја ветена

Колку заработуваат градежните работници во Америка?

► Дали навистина Америка е земја ветена кога се во прашање градежните работници?

Градежништвото претежно е рачна работа, и тоа макотрпна. Затоа и се очекува секаде во светот градежниците да бидат (по)добро платени. Но, не е така. Малку чудно делува, но токму во најразвиените земји тие се најмалку платено, споредено со останатите професии и секако нивото на цените таму. Најновиот пример за тоа доаѓа од Америка, која сите ние ја сфаќаме како ветена земја. А таа ни оддалеку не е тоа за градежните работници, кои таму зависно од сојузната држава, струката и работното место, заработуваат меѓу 24 и 66 илјади долари годишно, бруто, секако. Или во просек, по 19,40 долари на час односно 40.350 долари годишно. Најбарани, со што и имаат највисоки плати, се задолжените за безбедност на објектите и ракувачите со тешка механизација и прецизна опрема. Најслабо платени пак се оние што ги расчистуваат локациите за градба, инсталатерите на помошна опрема и работниците специјализирани за санација на покривни конструкции. Според секторот во кој работат, пак, оние во изградбата на станови можат да сметаат на 37.910 долари годишно, деловните објекти носат плата од 43.330 долари годишно, а нискоградбата односно работата на улици, патишта и мостови 46.010 долари. Јасно, најслабо платени се оние со искуство до 3 години – едвај по 26.855 долари, додека оние со повеќе од 8 години работен стаж може да сметаат на просечни 41.671 долар секоја година. Според географската локација, најдобро платени се работниците во Илиноис, Хаваи и Њу Џерси. Тука треба да споменеме и дека 62% од градежните работници во САД имаат средно образование, а по 9% се со основно или со факултет.

На сето ова треба да додадеме и дека според американските закони здравственото осигурување на работниците не е задолжително и затоа, за срамота, дури 62% од нив го немаат, 37% имаат само здравствено, а 26% и стоматолошко осигурување.