Балкански состојби

GIPOREC R 100 FDR GIGA DA сензација во хрватска

Во 2017 година GIPO AG ја продолжи соработката со хрватските, словенските, босанските и српските компании. Со десетина испорачани машини, 2017 ќе остане запаметена како година во која клиентите му остануваат верни на квалитетот, капацитетот и подршката која ја дава GIPO

Швајцарската компанија GIPO AG во декември 2017 година ја испорача мобилната дробилка со сито GIPOREC R 100 FDR GIGA DA на компанијата GMTT Лешчанец од Карловац. Ова е првото испорачување на машина од овој тип во Хрватска, а второ во светот!

Станува збор за најновиот производ на GIPO во кој е втемелена најсовремената технологија и долгогодишното знаење и искуство, а се со цел да се постигне квалитетна, економична и мултифункционална машина која ќе може да извршува различни задачи на каменоломи, градилишта или во функција при рециклирањето на минерални суровини.

Оваа машина е опремена со двостепенско пред сито за јаловината и ги одвојува лесните мате ријали како што се дрвото, пластиката и слично. Магнетниот издвојувач го извлекува од влезниот материјал железото. Четирите ваги за подвижни ленти вградени во транспортната лента служат за мерење на количината на произведените фракции, јаловина и повратни зрна.

Машината е опремена и со двостепенско сито со површина од 5,2 m² како и со ударно-ротациско мелење со три ударни завеси. Со ова е овозможено постигнување на бараниот квалитет и гранулометријата на конечниот производ. Со најважните функции на машината може да се управува со далечински управувач.

Најниска потрошувачка на гориво по тонана изработен материјал

Срцето на погонската единица на машината GIPOREC R 100 FDR GIGA DA претставува моќниот дизел мотор CAT C9 со силина од 261 kW (355 КС). Кај новиот погонски концепт применет на оваа машина посебно внимание е посветено на намалена та потрошувачка на погонската енергија на клучните компоненти како што се ударниот-ротационен млин, вибрододавачите, транспортната трака и други компоненти. Како резултат на напорната работа на инжењерите на развојот на ваквиот интелегентен погон создадена е високо продуктивната машина која на корисникот значајно му го заштедува потрошеното гориво. Моменталните мерења кои се спроведуваат во реалните експлoатациски услови покажуваат дека GIPOREC машините со директни погони на ударно-ротационен млин остваруваат најмалку потрошено дизел гориво по тон на издробен материјал во светот.

Првата GIPOREC R 100 FDR GIGA DA машина во Хрватска е пуштена во употреба, и за потребата на различни градилишта произведува камени фракции како што се 0/4, 4/8, 0/11, 0/32, а по потреба и други.

Нов иновативен директен погон на ударно-ротациско дробење (DA Direktantriebssystem) се карактеризира со минимална потрошувачка на гориво и максимална економска ефикасност. Моторот директно преку менувачот, со минимални внатрешни отпори и механички губитоци, како и со зголемен вртежен момент на роторот, ја придвижува ударната дробилка. Со нови решенија на помошниот хидрауличен погон се придвижуваат вибрододавачите, ситото и транспортните ленти – се со цел зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците за погонска енергија.

Во текот на 2017 година со GIPO мобилните дробилки, својот машински парк го зголемија 15 нови фирми.

Технички карактеристики на машината

Погонски мотор CAT C9
Тежина на машина со сито 53 t
Тежина на машина без сито 45 t
Височина 3.450 mm
Широчина 3.000 mm