Домашен мулти бренд сервис

Општа автомобилска клиника

Кај „Спасе Шишко“ навраќаат сопственици на автомобили од разни брендови, и бараат чаре за нивниот лимен лубимец. Речиси сите го напуштаат сервисот ослободени од грижата која претходно им изгледала како планина

Во ера на хипер продукција на нови модели, големи надежи производителите полагаат во пост-продажбата. Сметаат со фактот дека новите возила се толку специфични што никој друг освен нивниот овластен сервис не може да ги реши евентуалните проблеми. Современите принципи на делување налагаат дури и редовните сервиси да ги изведуваат само овластени лица, и тоа во овластен сервис. Сето тоа е донекаде и разбирливо знаејќи дека новите технологии стануваат се покомплицирани и за нив се потребни стручна работна рака, оригинални заменски делови и адекватен алат. Но што правиме со возилата на кои им е истечен гарантниот рок? А такви во нашата земја секоја година се увезуваат по околу 30 илјади примероци. И тоа од сите марки и модели. Кај значаен дел од нив веднаш по самиот увоз потребна е интервенција од стручен мајстор, па макар било тоа и за редовен сервис.

Универзални познавања

Тука на сцена стапуваат нашите универзални мајстори кои праксата ја стекнувале преку долгогодишни сопствени искуства. Еден од тие мајстори секако е и „Спасе Шишко“ кој соптвеното искуство го гради од 2000-та година. Низ сервисот има поминато многу возила, толку многу што бројот и не може точно да им се одреди. Некои од нив доаѓале и сеуште доаѓаат за сервисно одржување и контрола, потоа доаѓаат сопственици на возила кои имаат одредени проблеми со механиката, а не е мал бројот и на тие што треба да им се направи сериозна механичка интервенција. И токму кај сериозните интервенции како што се целосен ремонт на моторот, на менувачот или пак промена на цели склопови, доаѓаат до израз знаењето и долгогодишното искуството. „Кога ремонтираниот мотор повторно ќе проработи тоа за мене значи како да сум подарил нов живот на колата“ – така го опишува чувството мајстор Спасе по успешно завршената работа. И не само поради ремонт, кај „Спасе Шишко“ се оди и за центрирање предница, потоа за промена на амортизери, за закочени менувачи, или пак едноставно кога се слуша некоја бучава „од доле“. Всушност се оди за сé нешто, а мајсторот како вистински еснаф, најпрвин ќе го послуша клиентот, ќе даде дијагноза за на крајот одреди термин кога може возилото да биде подигнато. Со отклонет квар, се разбира! Понекогаш не станува збор само за интервенција, туку многу повеќе од тоа. Проблемот знае да е прикриен а неговото изнаоѓање и решавање преставува вистинска сатисфакција, ќе каже мајсторот.

Jrone турбо компресори

Високата технологија применета кај возилата со понови годишта на производство бара и адекватно одржување. Во ера во која речиси да нема мотор кој работи без помош на турбо полнач, замената или сервисирањето на овие уреди се наметнува како неопходност. И за решавање на овој проблем размислувал мајстор Спасе па стапил во контакт со светски познатиот производител на турбо компресори, Jrone. Сега во сервисот може да се направи комплетна репарација на било кој тип турбо компресор или пак да се купи целосно нов. Инаку производите на Jrone се продаваат во Кина, Европа, Јужна и Северна Америка. Во портфолиото на производителот пишува дека на располагање се турбо компресори за патнички возила со мотори од 800 до 3.500 ccm, а за товарните возила во понуда се компресори за мотори со работен волумен помеѓу 4.0 и 12.0 литри. Исто така Jrone произведува и турбо компресори за бензиски мотори и тоа за запремини помеѓу 1.0 и 2.0 литри. Долгогодишното искуство на сервисот „Спасе Шишко“ е доволна гаранција дека дупката створена во понудата на сервисирање и замена на турбо компресори за кои досега се одеше во соседна Србија, успешно ќе биде пополнета.