Доставни возила

PSA и Toyota ја проширија соработката

Десет години по најмалиот, пристигнува и најголемиот заеднички модел на PSA и Toyota

Француско-јапонската врска меѓу PSA Peugeot Citroen и Toyota се продлабочува – во заедничка копродукција е развиен нов модел, овој пат од доставната програма. Возилото кое ќе биде претставено во март во Женева на салонот на автомобилите ќе ги носи имињата Peugeot Traveller, Citroen Spacetourer и Toyota Proace. Виртуелно сите изгледаат исто освен поситни козметички разлики кои ги диференцираат како модели од различни марки. Исти ќе бидат и механиката и погонските групи, но се очекува поинаква пополнетост со опрема. Во овој момент не се познати никакви детали за овие возила, кои ќе се произведуваат во некогашната заедничка фабрика на Fiat и PSA Sevel Nord во Валенсиен, Франција. Тоа што во истото место се наоѓа и фабриката на Toyota во која се произведува Yaris е чиста случајност.

Овој модел беше најавен со интересен концепт со ознака Foodtruck, кој претставуваше мобилен киоск за храна кој се претвора во вистински ресторан на отворено и како таков во него има сé – од апарат за кафе до телевизор со 46-инчен екран. Беше претставен на светската изложба во Милано која траеше од 1 мај до 31 октомври и која ја посетија 21,5 милиони луѓе. Тоа не беше случајно, бидејќи ги заменува Peugeot Expert, Citroen Jumpy и Fiat Scudo, кој заеднички беше создаден од PSA и Fiat пред две децении како дел од поширокото партнерство на двете компании во сегментот на доставните возила. Но, откако Италијанците се здружија со Chrysler тие се повлекоа, а Французите го пронајдоа својот нов партнер во Toyota – досега продавајќи има ја сегашната генерација кои тие ја нудат на пазарот под своите ознаки, а во иднина и со овој нов заеднички модел.