Каде, која, колку се чека…
► И покрај сé, камионскиот превоз во Европа се одвива – отежнато, но сепак непречено
Покрај сериозните ограничувања што секоја држава ги има воведено, голема пречка за транспортерите се границите кои до вчера не постоеја. Како последица на тоа се создадоа колони камиони кои чекаат да преминат од територијата на една во друга европска држава, долги со километри, кои со часови чекаат да бидат преземени од полициските придружби и понатаму во конвој да го продолжат своето патување таму каде треба. За да колку-толку им го олесни животот на камионџиите, една од најголемите европски компании која се занимава со програмски решенија кои овозможуваат надзор на возните паркови во реално време Sixfold, во соработка со најголемите логистички фирми во Европа, изработи интерактивна карта на која се прикажува состојбата на граничните премини, за жал само во земјите од ЕУ-зоната. Сепак и ова е од голема помош за транспортерите кои заработувајќи го својот леб во овие отежнати услови овозможуваат Европа колку-толку да функционира.
Sixfold ги анализира податоците 10 km пред и после границите и на основа на бројот на камионите, нивната брзина на движење односно времето на стоење и колку им требало да излезат од подрачјето на надзор, ги добива податоците кои ги прикажува во реално време. Објаснување како се следи картата не е потребно. За да ја видите, кликнете тука
https://covid-19.sixfold.com/