Индискиот производител започува соработка со италијанскиот фудбал

БКТ е новиот спонзор на италијанската лига Б

Официјално е потпишан тригодишниот договор за партнерство помеѓу БКТ – индиската мултинационална групација која е еден од најголемите играчи на Off-Highway пазарот на гуми и Lega Nazionale Professionisti B – италијанската професионална фудбалска лига на клубовите од Серијата Б

Ново лого и комплетно ново име ќе бидат придружници на 22. клубови и нивните навивачи во текот деновите на плеј-офот во наредните три сезони.

Новиот исклучително важен договор помеѓу Lega Nazionale Professionisti B и БКТ, веќе е официјално публикуван. БКТ ја презема улогата на спонзор на титулата за првенството во Серија Б во наредните три сезони. По тој повод, „Серија Б“ го промени своето име во ,,Серија БКТ”, претставено со лого кое ги обединува БКТ и Лигата Б, кое ќе биде придружник на клубовите и навивачите, почнувајќи од 42. натпреварувачки денови, сите плеј-оф и целата претстојна сезона на 22. терени низ цела територија на Италија.

Еден од главните аспекти на оваа соработка е да се поддржи обуката за младите таленти, за чија цел е изготвен и акционен план како и активности фокусирани на почетниците, фудбалските академии и стадионите кои припаѓаат на тимовите од Серија Б.

Како резултат на тоа, растот и синдикатот ќе бидат еден од столбовите на ,,Серија БКТ”, вредности кои се во совршена хармонија со корпоративното барање на БКТ – ,,Да растеме заедно” (Growing Together). Целта е да се сподели истиот ентузијазам и страствен дух кој може да се најде меѓу играчите и навивачите кои на овој начин влегуваат во директна врска со клубовите и навивачите, истовремено зголемувајќи ја свеста за брендот БКТ во Италија.

Многу од вредностите на БКТ и духот на Лига Б се истоимени. Најважно, секогаш постои решителност да се постигнат нови цели, заедно со пос ветеноста, потрагата по совршенство и моќта за постигнување на целите.

Ако Лигата Б се смета за еден вид инкубатор на таленти за број еден фазата од националниот фудбал во Италија, истото важи и за БКТ во однос на истражувањето и развојот, консултациите и слушањето на корисничките потреби во рамки на делокругот на компанијата.

Заедничкиот именител на ова партнерство е способноста за преземање и усовршување на предизвиците, благодарение на довербата на сопствените играчи – исто како и жестоката определба и цврстата намера да добијат извонредни перформанси на кој било терен.

Оттука, новата,,Серија БКТ” е целосно во согласност со корпоративната маркетинг и комуникациска стратегија со цел да се зголеми свеста за брендот, што дефинитивно ќе се реализира преку видливоста на сите стадиони на Лигата Б, на теренот и на трибините, преку телевизиски станици и ТВ мрежи, како и промотивните иницијативи низ целиот фудбалски шампионат, зафаќајќи на тој начин огромна и ентузијастичка публика.

Инаку, за помалку упатените, БКТ нуди широк спектар на сериски и посебно изработени производи и тоа за најразлични индустриски апликации. Во широкиот асортиман на индиски от водечки производител се вклучени наменски производи за машини за земјоделие, градежништво и индустриски машини како и специјализирани производи за померување на терен, рудници, пристаништа како и за апликации во градинарството. Во Македонија компанијата БКТ е претставена од ТДА – Пнеуматик која е единствениот официјален увозник за сите продукти на компанијата.