Каде се најдобрите патишта во светот?

Не е Германија, туку…

Според светскиот економски форум, лидер по квалитетот на патиштата е Сингапур

Малиот азиски тигар Сингапур со своите 720 квадратни километри е 176 земја по големина во светот, но ги има најдобрите патишта. Така тврди светскиот економски форум во својот извештај за конкурентноста на нациите, во кој меѓу бројните параметри 140 земји се рангирани според квалитетот на патиштата, односно нивната разгранетост и состојба. Меѓу нив Сингапур има добиено резултат 6,4, при што најдобра оценка е 7, а најлоша 1. Иста оценка, но со помала вредност (89,3 наспрема 90,8) има Швајцарија, а следат Холандија, Хонг Конг и Португалија. Германија е на 19-тото место со оценка 5,5 и вредност 74,3, а Македонија на 97-мото со 3,4 и 39,3. Најлошо пласирана е Мавританија со оценка 2,0 и вредност 17,1. Вкупната должина на патната мрежа во оваа мала азиска држава изнесува 3.500 km, а во Македонија иако е 35 пати поголема, 9.600 km.