Краш-тест со 208 km/h (видео)

Брзината убива!

Од Софија доаѓа доста поучно видео за вистинските последици од пребрзото возење

Науката вели дека енергијата е пропорционална со квадратот на брзината. Во контекст на безбедноста во сообраќајот тоа значи дека возилото кое се движи со брзина од на пример 80 km/h, во споредба со 40 km/h има четири пати поголема кинетичка енергија и му е потребно четири пати подолг пат на кочење за да застане, но и дека во случај на судар неговата структура треба да биде четири пати поцврста. EuroNCAP и останатите кои извршуваат краш-тестови тоа најчесто го прават при брзина од 64 km/h. Но во ова видео кое е снимено во Бугарија сé се случува на 208 km/h, брзина при која, како што елабориравме, енергијата е 10,56 пати поголема, а шансите за преживување никакви, не само во автомобилот туку и во автобусот таму каде што тој удира.

Затоа, памет во глава кога притискате на педалата за гас!