Од Кина за Европа

Прв TIR транспорт на стока

Кинезите се цврсто решени за извоз на своите производи во Европа да отворат нови патишта – во буквална смисла на зборотJMC HV5

Прво беше со воз, а сега и со камион – после повеќе од 6 месеци подготовки, CEVA Logistics Greater China го реализираше првиот транспорт на стока од Кина до Европа. Камионот со TIR таблички тргна на 13 ноември и после 7.000 километри, преку Казахстан, Русија и Белорусија, пристигна во Полска на 24 истиот месец, без никакви застои и царински проблеми. Новата патна врска ќе биде за околу 50% поекономична во споредна со воздушниот транспорт, како и за 30 до 50% побрза од железничкиот.