Од 5 до 7 март

Busworld Turkey се враќа во Истанбул

Осмото издание на меѓународниот саем на автобуси Busworld Turkey ќе се одржи од 5 до 7 март во Истанбул

На 7.000 квадратни метри простор на Istanbul Expo центарот, во организација на Busworld International во партнерство со турската компанија HKF, Busworld Turkey ќе пречека 114 компании. Првата манифестација на овој саем се одржа во 2007 година во Истанбул, кој беше домаќин и на наредните шест. Во 2018-тата Busworld Turkey се пресели во Измир, каде го посетија 10.000 луѓе од 107 земји.