Претставуваме – Мотоцентар доо

Професионален одговор на новите предизвици

Управителот на Мотоцентар, г-дин Горан Гроздановски ни одговори на неколку прашања во однос на тековните трендови и новитети во бизнисот со пневматици

Oсновната определба на МОТОЦЕНТАР доо уште од основањето, во февруари 1994 година e – Пневматикот, неговиот правилен избор и одржување.  Претставници се на најреномираните светски брендови пневматици: MICHELIN, CONTINENTAL, BRIDGESTONE, FIRESTONE, КORMORAN, GENERAL TYRE, UNIROYAL, DAYTON, SPORTIVA, BARUM, MITAS. Денес фирмата има 7 сервисно продажни објекти и брои 100-тина професионалци кои во секој момент се подготвени да помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците. Разговараме со г-дин Горан Гроздановски, управител на Мотоцентар.

– Со што Мотоцентар се двои во однос на останатите дистрибутери на пневматици и какви се услуги нуди?

Покрај големиот избор на реномирани пневматици како и врвната услуга нашиот кадар е обучен преку различни совети и прашања да му овозможи на секој клиент да го одбере вистинскиот пневматик за него во зависност од неговите потреби. Покрај тоа на секој купувач му се нуди бесплатна Мотоцентар клуб картичка со што добива одредени бонуси и бенифиции. Идејата е да се прошири базата на лојални клиенти на Мотоцентар кој ке имаат ексклузивен пристап до одредени промоции, попусти и информации. Сето ова е надополнето со лојалити програма за собирање поени кои потоа можат да се искористат за добивање одредени производи.

– Кои се предизвиците на Вашата компанија со товарниот?

Со своето 22 годишно искуство и присутност на македонскиот пазар Мотоцентар е лидер во доменот на товарните пневматици. Од самите почетоци наша определба била со нудење на т.н. солуции, да им се овозможи што поголема вредност на самите флоти. Тоа го правиме со тоа што за разлика од нашите конкуренти не сме присутни само во доменот на продажба на нови пнеуматици туку имаме развиена и активна постпродажба а со тоа и максимално искористување на пневматиците. Таа постпродажба вклучува мониторинг и контрола, одржување односно сервисирање на пневматиците, нарежување и протектирање на веќе потрошените пневматици по технологија на Bandag. Сето ова нуди поголеми бенифиции и заштита кај самите транспортни фирми. Со цел да се приближиме до нашите клиенти работиме на проширување на мрежата на сервисно-продажни центри и во моментов сме единствена фирма за пневматици која што располага со три сервиси за товарни гуми во Скопје и еден во Прилеп. Исто така располагаме со обучен кадар кој што своето знаење и искуство го има стекнато во различни тренинг центри во Европа.

– Пазарат на пневматици за машините од градежништвото е се поактивен?

Од пред неколку години забележавме зголемување на потребата на нашиот пазар за пневматици за машини во градежништвото. Од тогаш започнавме и со дистрибуција најпрво со најдобриот светски бренд  на пневматици – Мишелин, за градежнa и рударска механизација, потоа во 2010 започнавме со дистрибуција на гуми од индустрискиот сегмент на добро познатиот Чешки бренд MITAS. Нивните гуми за градежни машини што работат во тешки услови на работа се карактеризираат со голема издржливост и отпорност на оштетувања. Тоа ја зголеми довербата кај нашите клиенти и допринесе да го зголемиме нашиот асортиман и со MITAS агро-гуми.

Исто така од 2014 год. започнавме со дистрибуција на познатиот Израелски бренд ALLIANCE насочени повеќе кон агро сегментот со дијагонални гуми. Целта е да се постигне вредност кај корисниците на гумите од Alliance преку ниски трошоци на сопственост.

– Која идеја ќе ја следи Мотоцентар во иднина?

Во текот на нашето повеќегодишно работење нашиот стремеж бил и ќе биде да изградиме долгорочни и одржливи односи со своите купувачи преку разновидни иновации, производи и услуги, се со цел да прераснат во еден од поголемите центри за пневматици во регионот.