Системи носачи на кабли

Подготвени за најтешките услови

Без разлика за каков тип инсталации се работи – од стандардни електрични па до индустриски, кога тие се сместени во влажни и воопшто агресивни средини мора да бидат поставени на носачи

Без кабли одамна не се може – ги има секакви и насекаде. Но кога условите во просторијата се лоши, тие место внатре се поставуваат надворешно на ѕидовите. За тоа служат специјални системи на носачи, со кои лесно се премостуваат и големи растојанија, на пример во тунелите. Тоа впрочем, заедно со заштитата од пожар, им е и основна карактеристика. Позицијата на потпорите зависи од начинот на монтажа и оптоварувањето, а самиот избор на типот на носачите од намената. Можат да бидат универзални – мрежести или перфорирани, кои се применуваат кај мали и средни оптоварувања и потпорни растојанија до 3 метри, сеедно дали инсталацијата се изведува со тавански или ѕидни прицврстувачи или пад со подигнување на конструкцијата од подот. На места каде е потребно да носат големи товари, да се премостат големи потпорни растојанија и генерално реализираат тешки траси, се користат летвичасти и перфорирани носачи и пошироки системи за големи оптоварувања со кои без проблем се совладуваат потпорни растојанија од 10 метри. За стабилноста на сите системи носачи на кабли се задолжени монтажните системи од носачи и конзоли. Во внатрешни и надворешни области, во агресивни атмосфери или под специјални хигиенски услови, потребно е носачите да бидат површински заштитени и изработени од отпорен на соодветната средина материјал. Носачите на кабли главно се изработуваат од челичен лим или челична жица со висок квалитет, во различни варијанти на површина. Се применуваат и различни постапки за облагородување односно ослојување кои обезбедуваат заштита од корозија ускладена со примената. Кога е битна и естетиката, системите на носачите на кабли се произведуваат и од нерѓосувачки челик или во боја.

Од градежничка страна гледано, битна карактеристика на носачите на кабли е и времето потребно за нивна монтажа. Затоа различни производители место да користат завртки и навртки, имаат патентирано различни системи со кои поставувањето и спојувањето на носачите се изведува едноставно без алат и разни спојници, за многу кратко време. На тој начин се намалуваат и компонентите потребни за нивно одржување, што ги намалува и трошоците.