Транспорт

Лесно расипливи стоки

Лесно расипливите стоки се превезуваат согласно правилникот и АТР договорот. Товарниот простор и возилата со кои се превезуваат треба да бидат одобрени според АТР

Со АТР договорот на возилото му е одобрен превоз на следните производи:

  • внатрешни животински органи
  • путер
  • дивеч
  • млеко во цистерни спремно за употреба
  • индустриско млеко
  • млечни производи
  • риба, школки и ракови
  • месни производи
  • месо од живина и зајаци

Сите товарни воила кои превезуваат лесно расипливи стоки подлежат на почетна инспекција (пред пуштање во употреба) и на редовни периодични проверки по кои надлежниот орган издава документ за одобрување за натамошно користење.

Поблиските прописи за должностите и одговорностите на возачите за превоз на опасни материи, стручното оспособување на возачите за превоз на опасни материи,поблиските услови што мора да ги исполнат правните лица кои вршат стручно оспособување, начинот на спроведување на стручните испити, програмите за обука, начинот на водење на евиденцијата, содржината и формата на обрасците на сертификатот и уверението за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи.

Бројот, составот и начинот на работа на испитните комисии, ги пропишува министерот за транспорт и врски во согласност со министерот за внатрешни работи и министерот за здравство.

Класи опасни материи

  • експлозивните материи и предмети
  • гасови
  • запаливи течности
  • запаливи цврсти материи
  • самозапаливи материи
  • материи што во допир со вода развиваат запаливи гасови
  • оксидирачки материи
  • органски пероксиди
  • отрови
  • заразни материи
  • радиоактивни материи
  • корозивни (нагризувачки материи)
  • други опасни материи и производи

Одобрението за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај го издава Министерството за транспорт и врски на барање на превозникот. Одобрението се издава со рок на важење од пет години. Превозникот е должен во рок од шест месеци пред истекот на важењето на одобрението да поднесе барање за издавање на ново одобрение.

Сертификатот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи важи пет години од денот на издавањето на уверението за положен испит за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи и ќе се продолжи за следните пет години само доколку во последната година пред неговото истекување, возачот присуствувал на курс за проверка на знаењето и покажал успех при повторна проверка (Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај „Службен весник на РМ“ бр.92/07,161/09).

При превозот на опасни стоки,возилата треба да имаат одобрение согласно правилата од Законот за превоз на опасни материи, и одредбите од Европската спогодба за меѓународниот патен превоз на опасни материи (АДР) и Конвенцијата за меѓународни железнички превози (ЦОТИФ), чиј составен дел е правилникот за меѓународниот превоз на опасни материи во железничкиот сообраќај (РИД).